Културно -информативниот центар, продолжува со активностите во областа на литературата

Културно-информативниот центар –Скопје, (КИЦ)  после застојот на активностите предизвикан од т.н „врема на корона“, деновиве почна со подготовки  во рамки на сите дејности за реализација на планираните настани.

Изминатово време  покажа дека на луѓето покрај слободата на движење им недостасува културата , затоа што таа секогаш е израз на постоењето во уметничка и духовната смисла на животот  и основа за живиот социјален и културен контакт како важен дел  од постоењето.

Литературниот сектор на КИЦ , под раководтсво на Емилија Михајлова , токму затоа засилено ги прави подготовките за да се “продолжи, таму каде што застанавме и да ги направиме промоциите на книгите и другите настани од областа на литературата. Секојдневно издавачите и авторите па и нашата верн апублика се интересира кога ќе почнеме„- вели Михајлова.

 

Првите промоции ќе започнат од 1. јуни и според досега најавените мерки за движење   ќе се одржуваат во 12 часот во паркот пред КИЦ (на отворено) со дистанца меѓу посетителите и заштитни маски на посетителите , учесниците и организаторите.

Доклку има промени во мерките , ние ќе се придржуваме до нив, а ако има продолжување на времето на ограничено движење , настаните ќе се одржуваат и од 18-19 часот, додава Михајлова.

 

Целта на КИЦ е во областа на културата двомесечниот застој да го надомести во текот на летото, во интерес на литературата и културата воопшто.

За сите настани КИЦ ќе има навремени соопштенија до јавноста!

И да не заборавиме „книгата е најголемиот пријател на човекот“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.