Град Скопје, заедно со градските културни институции, објавува Јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.
Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги изгубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Вид на проекти:
1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје;
2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца… во времетрење до 2 часа
Критериуми:
– Предност ќе имаат уметници/творци/артисти кои во овој период немаат ангажмани и не се вработени;
– Нема ограничување на возраст;
– Да имаат место на живеење во Скопје;
Надомест:
– Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денарi.
Повикот е отворен од 13.4.2020 и ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.
Kомисија составена од претставници на Град Скопје и јавните културни установи од Град Скопје континуирано ќе врши избор на поддржани проекти.