Крушево, зелен град -Отпадот и еколошката култура на граѓаните

Здружението „Гоу Грин” и Францускиот институт во Скопје, по повод 5 јуни – Светскиот ден на животната средина, со поддршка на Амбасадите на Франција и на Швајцарија, ќе организираатакција за чистење на отпадот во општина Крушево.

По тој повод, на 5 јуни 2019, среда, со почеток во 11:30 часот, во Францускиот институт во Скопје ,ќе с еодржи прес конференција на тема:

Франкофоните за Крушево, зелен град –Отпадот и еколошката култура на граѓаните

На конференцијата ќе зборуваат Г-дин Емануел РЕМБЕР, директор на Францускиот институт во Скопје, Г-дин Стефан ТОМАЖИАН, заменик амбасадор на Амбасадата на Швајцарија,Г-дин Томе ХРИСТОСКИ, Градоначалник на општина Крушево, и Г-дин Антонио ЈОВАНОВСКИ, извршен директор на здружението Гоу Грин.

Излагачите ќе опфатат различни аспекти од отпадот, неговите влијанија врз туризмот, влијанието врз загадениот воздух, културата на граѓаните, употребата на пластика и пластичните ќеси, и состојбата со управување со отпад во земјата.

Искрено се надеваме дека ќе присуствувате на настанот и ќе го дадете својот придонес за поеколошка средина во земјата и повисока свест кај граѓаните во врска со управувањето со отпадот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.