Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, распиша Конкурс, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, а во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“. “Јазикот – нашето културно богатство“ е темата на која може да се пишува новинарски текст во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Авторските текстови треба да бидат без дневно-политички конотации. Пристигнатите творби ќе конкурираат за три непарични награди. Секоја од трите награди мораат задолжително да бидат доделени, меѓу три од пристигнатите текстови.
На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите (пред сè) од Скопје, (но и новинари од медиумите во другите места на Македонија) кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).
Текстовите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, имејл, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот.
Секој автор може да учествува само со по еден текст. Во рамките на темата „Јазикот нашето културно богатство“, испратениот текст треба да содржи и сопствен, специфичен наслов.
Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт Аriel -12 со македонска поддршка.
Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка на соодветнот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски.
Текстовите се испраќаат на e-mail адресата: [email protected], најдоцна до 15 ноември.
Наградите кои ќе ги избере тричлена комисија на конкурсот, во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“.