Коле Манев, сликар за во историја, Симбол на децата бегалци, Егејците 

На 30 јануари 2025 година во Националната галерија Даут Пашин амам се одржа комеморација за македонскиот сликар Коле Манев, кој остави силен печат и голема трага во современото македонско сликарств, уметник и режисер кој почина на 83 години на 22 јануари.

Тивок човек со одмерено однесување но многу силен во својата уметност и реч.

Бегалец од егејскиот егзодус.

-Секоја од неговите слики раскажува приказна за копнеж, разделба и непокорниот дух на оние кои ја издржале раселеноста“, рече кустосот Франговска на комеморацијата на која дојдоа голем број уметници, академици, говореа и министерот за култура и туризам Зоран Љутков и уметницата Дијана Томиќ-Радевска, во име на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

До министерот за култура Љутков беа уметницата Јана Манева Чупоска, ќерка на Коле Манев и претседателка на ДЛУМ, Марија Ѓошевска советничка во Министерството за култура, неговиот зет филмологот Атанас Чупоски и синот и новинар Игор Манев, син на Коле Манев.

-Неговото име ќе остане симбол на уметничката слобода, на истрајноста во творењето, н и на големата љубов кон уметноста. Без разлика дали работеше во сликарството, графиката или скулптурата, неговите дела ја доловуваат душата на народот и на неговото време, ја пресликуваат секоја болка, радост и надеж, рече министерот.

Роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје, а неговото уметничко патување е неразделно поврзано со трагичната историја на македонските уметници, кои биле протерани од своите домови за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година. Се образувал во Скопје и Белград, каде завршил прв степен на Ликовна Академија, а продолжил да го проширува своето знаење и во Париз и Прага, каде присуствувал на предавања за анимиран филм.

Како режисер и сценарист, Манев остави трајни белези и во филмската индустрија, со два играни филма: „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022). Добитник е на голем број награди за сликарство и филм.

Беше чесен и добар и како човек и многу почитуван поради неговата чест и дело, не само во земјава туку и во странство.

Синот Игор Манев

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.