Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми организираат дводневна работилница, со цел да поттикне дебата за значењето на авторското право во работењето на новинарите, на фоторепортерите и на медиумските работници, преку осврт кон регулативата во локален и меѓународен контекст и примери од праксата.
Говорници на овој настан ќе бидат новинари и фоторепортери, претставници од Министерството за култура како надлежна институција во врска со овој закон, претседателот на Европската федерација на новинари, но и адвокати кои имаат искуство во правно застапување новинари за различни прашања.
Работилницата ќе с еодржи онлајн преку zoom платформата со претходно пријавување , и ќе биде во деновите 16 и 17 декември од 12 до 14 часот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.