Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои би сакале да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната установа „Уметничка галерија Тетово” каде во текот на 2020 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од денеска до 25 јуни.
-Ги покануваме сите професионални уметници од визуелната уметност, граѓански здруженија, локални институции кои се заинитересирани за реализација на проекти од областа на културата и уметноста за 2020 година да конкурираат од денеска до 25 јуни. Сите заинтересирани треба да достават соодветни материјали кои се предмет на изложбата – информираат од Уметничка галерија Тетово.
Во прилог на барањето заинтересираните треба да достават и CV, каталог, ЦД со фотографии на уметничките дела кои ќе се изложат. Поднесените материјали не се враќаат.