На 19 октомври 2024 година во домот на културата “Димитар Влахов” во Скопје поетесата Јелена Илова имаше промоција на нејзиното првенче во Македонија збирката поезија “Безвременски волшебник”, чиј издавач е здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС кое е матично издружение на Илова, каде е активен член во истото.
Како што напомена Претседателката на Здружението ФЕНИКС м-р Билјана Челик, Јелена Илова е млада жена, но зрела поетеса чии стихови ги имаат испеано голем број на ѕвезди од музичката естрада.
Таа истакна дека Илова е жена хероина во секој поглед, голем другар, пријател, одговорна мајка, совесна ќерка, хуманистка која секогаш е спремна да се даде себеси каде е потребно.
Средствата собрани од продажба на книгата Јелена Илова ги донираше во Хуманитарната организација “Биди Али” за храна за социјални загрозените семејства.
Илова е родена во Белград во 1982 година.
Дел од детство го поминува во старата белградска населба Карабурма.
Основно и средно образование завршува во рурална средина во јужна Србија.
Од таму доаѓа во Белград каде завршува Филолошки факултет (Српски јазик и култура на изразување).
Нејзината љубов и убавината на нејзиниот пишан збор го препознава поетесата Десанка Максимовиќ која ја наградува како најдобро дете поет и за најдобра рецитација на “Крвава бајка”.
Присутните уживаа во рецитациите на своите дела од страна на поетесата.
На промоцијата беа пуштени неколку видеа од нејзините песни испеани од Халид Бешлиќ, Иван Зак, Бојан Томовиќ, Недељко Бајаиќ.
Во музичкиот дел учествуваше Нина Николовска, а со музичко поетски перформанс свое учество зема Лилјана Стоилковска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.