Хумористот Војче Китаноски замина во легендите

Погледнато низ историјата, кога станува збор за мажите кои, секој на свој начин, го промениле светот, несомнено тука се Никола Тесла, Волфганг Амадеус Моцарт, Александар Бел, Александар Флеминг и Чарли Чаплин, ако зборуваме за некоја потесна листа.

Сите овие генијалци пренеле нешто корисно од имагинативниот во реалниот свет, но само Чаплин реалниот го преобразил во имагинативен свет. Секако, со своја цел. Сметал дека хуморот му е најпотребен како храна на душата на човештвото, и како таков тој треба да се овековечи и да му се даде вечен живот.

Знаеме Чарли бил истакнат комичар, режисер и композитор во добата на немиот филм, и визуелната комедија, и е еден од најкреативните и највлијателни ликови од филмската и забавната планетарна индустрија. Тој ја има епската улога за оваа Планета да е порасположена, и подобро да изгледа.

И како што светот го има Чаплин, македонската јавност последниве четири и пол децении ја ужива приликата и привилегијата, да биде препуштена во рацете на еден македонски феномен, кој пак на свој начин ги испреплетува, разделува и ги прави едно реалниот и имагинативниот свет, и ѝм дотура малку магија плус.

По професија дипломиран шумарски инжењер, професијата туристички водич, понатаму, е негова попатна станица, но она што е повеќе од сигурно е фактот дека Војче Китаноски (роден во Крапа 1955- почина во Скопје 2023 н.з.) уште пред да има професија, решава да тргне по пат, кој го извдојува од другите, и го зема официјално во свои раце хуморот во Македонија и не го испушта ни во моментите кога и не ни е до смеење.

Самиот негов ведар дух и карактер уште во средношколските денови, поминати во Прилеп, го пренасочуваат на полето на јавната сцена, здобивајќи се, понатаму, со голема популарност и кај љубителите на смеата.

Силното влијание од неговите идоли, на кои ѝм има посветено доста од себе си, е видливо во неговата работа, а неговиот идоли не се било кои, туку токму од редот на веќе споменатите. Да! Неговата кариера започнала во неговата неодминлива Крапа, Македонски Брод, каде е роден, а најверојатно и таму ќе биде заокружена можеби по неколку децении, додека во меѓувреме му се случувале и случуваат ѕвездена слава и континуирана работа и посветеност, сега во Македонија, а некогаш во поранешна Југославија.

Во ова наше секојдневие, распарчени од секојдевните стресови тој ни носи, хумор, комичност, смеа и утеха, се разбира. Тешко да се каже дека некоја друга личност на јавната сцена повеќе од него донела смеа и забава на македонската публика .

Препознаваме, нели, сево ова  е адресирано до господинот Војче Китаноски, легендарниот и уникатен македонски хуморист.

Неговиот хумор е чин на потсмевање, не со луѓето, не со животот и неговите убавини, ами со ступидноста и глупавоста, на која луѓето се изложуваат најчесто самите себе си, што претставува тотална спротивност на вообичаените навредливи шеги кои денеска се продуцираат, со цел да бидат се само шега не. Доајенот на македонскиот хумор, покажал исклучителна умешност при оформувањето на својата хумор.

И покрај влегувањето во мода на навредлив и нападен хумор, Китаноски не отстапува од своите правила. Затоа опстојува цели четири децении, а има одврзани раце и кога станува збор за креирање на актуелни шеги. И добро е што никој не се плаши да биде исмеан од Војче, да биде предмет на неговиот хумор, затоа што тој тоа го прави на крајно софистициран, ненавредлив начин и во рицирски манир, а притоа запазувајќи го основното правило- да не ја оштети и измести сликата на реалноста.

Нешто на кое тој бил многу горд, а кое е сместено како факт во оваа Енциклопедија, која всушност е и негоава биографија, и ќе го опише како своето златно доба, е неговиот југословенски период, и дружбите и работата со најголемите југословенски ѕвезди.

Турнеи, концерти, патувања, дружења, авантури. Полна капа!

Но работите не останале на тоа.

Она по што се издвојува, вредниот Војче, е и неговата компјутерски прецизна меморија, и пред сѐ и неговата самоорганизираност сето тоа да го запише и прелее и на хартија, и хронолошки да го подреди, и постојано да го освежува својот хумористичен творечки импулс, кој е видлив во сите негови изведби.

И што содржи оваа енциклопедија? Хумор, сатира. Да. И, не само тоа.

Војче откако се родил и пораснал во неговото село Крапа, Македонски Брод, од каде за прв пат почнува да гради мостови со некои други светови, воспоставил контакт со НАСА, па сѐ досега, доживеал многу нешта, и сите тие најпедантно ги сместил во оваа книга. Усупешни се сите негови обиди секогаш да ве внесе во неговата Галаксија, од каде не се плашите заедно со него да пропатувате со временската машина и само за неколку минути да ги сретнете и запознаете и Тесла, и Моцарт, и Кирк Даглас и многу други битни и познати ликови: Од неговата местоположба секогаш се гледа на кај хоризонтот. Интерпретира хумор, во кој негува различни стилови. Негова вечната “слабост” се идолите Тесла, инспирирана од нив, и самиот тој инспирира други луѓе да се свртат кон генијалноста на човечкиот ум. Неограниченоста на човечката кереативности и почитување на вистинските вредности кај човекот.

Преку анегдоти објаснува и зошто за најсреќен во својата кариера го смета периодот кога патувал со големите југословенски ѕвезди, по еден набиен распоред во тоа време, а сега да работи секојдневно, сепак со посмирено темпо, што му остава простор за целосно да се посвети и на творештвото.

Публиката го обожава овој нов, весел, природен хуморист, со оригинални шеги, кој секојдневно триумфира над масовната депресивност, преку постојаниот контакт со своите обожаватели. Од најмалите, со децата со кои се среќава секојдневно, до најстарите.

Со енциклопедијата нѐ запозна со еден Војче кој многумина не го знаат целосно, и во онаа своја друга страна.

Дека е најдобриот и единствениот хуморист кој некогаш е роден на овие простори, знаевме, а дека е одличен раскажувач на своите догодвштини, дознавме од неодамна.

Оваа книга воопшто не е само во чисто публицистички цели. Има за задача повторно да ве насмее, да ве запознае со најзначајните моменти од поранешна југославија, на кои Војче бил сведок, на бројните работни акции, и на моментите од формирањето на новата наша Република Македонија. А кога ќе се разгледа внимателно ќе се сфати дека во неговите вицови и хумор ништо не е сменето, само имињата на главните протагонисти во некој виц. Но неговиот навидум лесен хумор содржи и длабоки пораки, со кои се бори против сѐ она што е понижувачко за човечкиот дух.

Бидејќи во центар на внимание на неговиот хумор е само глупавоста, и бидејќи е лек против депресија, задолжително треба да му се остапи секојдневна доза на телевизиите.

Со оваа лесно читлива и слаткасто пивка Енциклопедија за хумор и смеа книга всушност се закитува со својот Оскар за хумор засега, но меѓудругото, сега откако добро нѐ “загреа” со хумор, време е големиот хуморист да се префрли на големото платно, да сними добра комедија, во која ликот на Војче, најдобро може и треба да го одглуми самиот Војче.

Со право да нагласиме дека е еден од најеминентите ликови во сите сфери на забавното поле- не поминува манифестација, концерт, забава, настан без него, а во јуни и самиот си направи јубилејна манифестација, со која го прослави јубилејот, и каде за прв пат публиката ја здогледа и допре со раце оваа негова енциклопедија.

Ова енциклопедија завршува со три точки. Вечерва добива и легитимно дозвола да ја прошири со следни изданија, на што го обврзува и заветот кон родителите, и уште многуте нераскажани авантури, кои се едноставно непоторливи.

Војче е дефиниција за она што е и секој вистински џентлмен, Војче е пример за лик никогаш не излегува од мода!

Валентина Ѓоргиевска Парго, кон неговата “Енциклопедија за хумор и сатира”, 2017 година

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.