Грандиозната „Клеопатра„ во балетска изведба на сцената на МОБ

Грандиозна постановка на балетскиот спектакл „Клеопатра“ , разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, беше премеиерно изведен вчеравечер во Македонската опера и балет.

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија. Солисти, балетскиот ансамбл, оркестарот и на МОБ под диригентсвот на Бидера Чадловска.

Публиката имаше единствена можност да го проследи балетот, кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет а преполната сала за прекрасната изведба ги награди учесниците на ова балетско дело со громогласен долг аплауз.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.