“Златниот лав” на Милчо Манчевски, „Златните арени“ на Столе Попов и „Сребрената“ на Бранко Гапо, фотографии и постери од 130 филмови од поранешна Југославија, меѓу кои и повеќе македонски, претставени низ документи и плоча со музиката од филмот „ Исправи се Делфина“, на композиторот Славе Димитров, од денеска сепред македонската јавност во просториите на Кинотеката на Македонија.
Се работи за 65 паноа, кои што пред 6 години ги има изработено Историскиот архив на Пожаревац, а се однесуваат на југословенската филмска продукција, од 1945 до 1980 година. Изложбата е збогатена со еден македонски сегмент, кој што опфаќа период на документи што се чуваат во Државниот архив, од 1945 се до 1991 година. Покрај овие изложен е и Златниот лав на Милчо Манчевски, како највисоко достигнување во областа на кинематографијата, на овие простори.
Изложбата, насловена „Филмовите што ги сакавме„ е резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу макеоднскиот Државен архив и Историскиот архив на српскиот град Пожаревац.