Фестивалот “Охридско лето“ со високо признание во Лисабон

Фестивалот Охридско лето го освои високото трето место во рамки на  Европската асоцијација на фестивали. Оваа Асоцијација вклучува 100 фестивали од 40 земји, и на Самитот што се одржал од 13-17 април во Лисабон, Португалија, во рангиирањето на  Фестивали, нашиот фестивал го освоил третото место.

Ваквото признание се должи, пред се на квалитетот на програмата којa се нуди во изминативе 59 изданија на Фестивалот, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена, како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите фестивали меѓу сите членки на асоцијацијата.

На Самитот присуствувале и директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ, и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, и според изјавите се видно задоволни од рангот и третманот на Охридско лето , за што  европските делегати едногласно ја дале поддршката: Македонскиот Фестивал да  биде меѓу најдобрите на европската културна сцена.

Учесници на самитот во Лисбаон

„Ова е само потврда дека сме надалеку познат и признат фестивал, ценет од најголемата културна асоцијација, еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во тоа семејство. Добиваме бројни честитки и пофалби за големината на уметниците кои поминале низ годините, но и за изборот на уметниците кои ќе настапат годинава. Навистина ми претставуваше гордост во својата презентација да ги спомнам големите имиња кои со свои маестрални дела оставиле печат во фестивалската историја како легендарниот руски виолинист Леонид Коган, виолончелистот Андре Навара од Франција, светскиот Хозе Карерас, Енио Мориконе и многу други кои учествувле на нашиот фестивал“, изјавила директорката на Охридско лето.

Концерт во св.Софија

Претставниците на европските фестивали членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА, кој брои 23 делегати од цела Европа, следната година кога фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.