На 4 ноември 2020 со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт, настанот е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020. Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров заедно со хорот и оркестарот.
Режисер на концертот е Дејан Прошев, концерт мајстор е Јане Бакевски, Хор мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.