После првата полуфинална вечер ,што се одржа синоќа и во која влез за финалето добија 10 земји меѓу кои: Србија, Австралија, Чешка Република, Исланд…. и во очекување на втората полуфинална вечер што ќе се одржи утревечер каде под реден број 17, ќе настапи претставничката на Македонија ,Тамара со нумерата “Proud” , најголемо внимание привлекува, посебно меѓу публиката и фановите учеството на Мадона во шоу програмата на големото Евровизиско финале во сабота. Иако имаше шпекулации дека ќе биде откажано нејзиното гостување, таа вчеравечер, со приватен авион слета на аеродромот во Бен Гурион, и се смести во хотелот „Дан“, а за неа и нејзината екипа е резервиран целиот петти кат.
Кралицата на поп-музиката и промоторите на концертот „Live nation Israel“ за израелските медиуми, потврдија дека Мадона ќе изведе две песни на финалната вечер на Евровизија во сабота.
Пропалестинското движење бараше од поп-ѕвездата да го откаже својот настап, обвинувајќи ја за „испирање на уметноста“. Како одговор на тоа, Мадона нагласи дека таа се бори за нов пат кон мирот.-Никогаш нема да престанам да пејам за да се вклопам во нечија политика, ниту ќе престанам да зборувам против кршење на чобвековите права каде било во светото“, рече Мадона во соопштението.
И очекувано е, дека нејзиниот нaстап со нетрпение го очекуваат сите, а со ова саботното големо финале на 64. издание на Евросонгот добива светски димензии, со оглед што покрај Европа и Австралија со Мадона се вклучува и Америка.