Пишува Татјана Гогоска
Годинешниот Избор на Песна за Евровизија се одржува во Тел Авив, Израелската престолнина, по минатогодишната победа на Netta со песната ТОY !
Првите две полуфинални вечери поминаа и веќе се познати 26-те финалисти, кои на големата сцена ќе се натпреваруваат за престижната награда во светот на Европската музика -Победник на Евросонг 2019-та. Од тоа зависи каде ќе се одржи следната година ова најголемо музичко Европско шоу, што ја обединува Европа преку музката.
На сцената разни музички стилови, најразлични перформанси, dress styling, возрасти….со еден збор шаренило од музика и личности.
Беспрекорната организација што се гледа на сцена од страна на Националната Израелската Телевизија, која е организатор на настанот, љубезните и едноставни водители, шоу програмите кои се осмислени интересни и не премногу долги ,ни дадоа две вечери уживање за уши и око.
На вчерашната втора полуфинална вечер настапи и македонската претставничка Тамара Тодевска со нумерата „Proud“. Така и ја испеа, со моќен настап, емоции и беспрекорна вокална интерпретација. Тамара вчеравечер, не само што блесна на сцената во Тел Авив, туку на нумерата и даде нова димензија со што ја доближи до пубиката и жирито, кои ја наградија со влез во финалната вечер.
Да се пее со елитата на Европската музика не е лесно, ниту за потценување, а со додавка дека на истата сцена во истото шоу утревечер ќе настапи и светската Мадона.
Но, кога се има верба во себе и своите квалитети, кога се има добра песна, одличен настап и ако ја повтори вчерашната интерпретација Тамара, сигурна сум дека ќе го освои врвот на Евровизија 2019, кој според мене ќе биде ако влезе во Топ 10-те најдобри.
И кога би можеле да ја оставиме политиката настрана, врзана околу нашето име , заради што до минатата година настапувавме како Поранешна Југословенска-Република Македонија, од годинава за многумина неприфатливото ново име, на нашата вековна држава, како „Северна“ Македонија, сигурна сум дека сите би сакале во саботното финале да бидеме горди на македонската претставничка.
Во финалето настапуваат: Израел, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Македонија, Србија, Чешка Република, Русија, Австралија, Холандија, Исланд, Италија, Азербеџан, Беларусија, Швајцарија, Данска, Малта, Норвешка, Албанија , Сан Марино, Шведска, Словенија, Грција, Естонија, Кипар.
Со “Proud” Тамара за Македонија, како што и самата изјавува гордо ќе настапи под реден број 8 !