ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГАЛЕРИЈА: Фаќање на крстот во неодоливата природа на езерцето во Кривени

Вистински верска православна сензација се случи денес на Водици во преспанското село Кривени, 19.01.2025 година.

Во пазувите на прекрасната и неодолива природа за прв пат беше фрлан чесниот крст во водител на езерцето, кое го фати младиот  Златко Ќулумовски, меѓу Даниел, Анастас,  Влатко, Златко, Јохан и ледената кралица Бети Котовчевска.

На нивната храброст да влезат во ладните води им честитаа градоначалникот на Кривени Јовче Божиновски Ључија и организаторот Миле Наумовски а на среќниот фаќач му беше доделена награда телевизор.

“За многу години Водици, догодина побројни!” е молитвата и поздравот што денес меѓу себе си го кажуваат Кривенци.

Радоста и гордоста на Кривенци каде и да се е многу поголема, затоа што по толку години се обнови традицијата по која што ова прекрасно живописно село некогаш беше надалеку познато. Од странство, специјално за оваа денешна средба дојде и Борче Ѓоргиевски Ластун со семејството, од Малме.

Мал број жители се останати со постојано адреса на живеење во Кривени, но и тие што се таму и отселените се силно врзани за убавините на традицијата и на околината на Кривени.

За историјата на ова преспанско село со славно историско минато, кое пред неколку децении беше и центар на летни културни случувања и манифестации, неодамна говореше Миле Наумовски на поткастот “Преспа Колинг” кај Горан Чуруковски  и предизвика големо внимание.

 

Фотогалерија од денешниот настан :

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.