Драган Б.Костиќ онлајн гостин на час по музичка уметност во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

 

Препознатлива интонација во говорот, харизматична насмевка и елоквенција од раритетни податоци за популарни жанрови во музиката, се основните три карактеристики на Драган Б.Костиќ. Богато оркестрирано знаење кое не се наоѓа толку често, информации кои дури ги нема ни на интернет, а се наоѓаат во главата на Драган. Со неуморна енергија го сподели своето умеење и едукација во една пријатна и забавна атмосфера на часот по музичка уметност, овој пат онлајн на апликацијата зум со ученици од втора година СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово со нивниот професор Филип Петровски.

Постојат личности на македонската сцена кои луѓето ги знаат, а не би требало. Зошто? Бидејќи на некој начин се штетни по развојот на жанровската епидемија во културата и уметноста. Тоа се оние од материјалистички гледишта, без тронка суштинска креативна појдовна точка во рециклираното, кое ти го пропагираат, и наметнуваат погрешна идеологија врз младите луѓе.

Но, постојат личности кои се десетина пати повредни да се запознаат. Идеалисти со суштински вредности. Драган Б со точка Костиќ е еден од нив. Не само што ќе се воодушевните од начинот на кој што тој пренесува знаење и раскажува, туку и самото неговото присуство зрачи и плени со една прекрасна енергија од каде што на потсвесно ниво, младиот човекот учи и присвојува многу човечки манири. Во денешно време ова е од голема важност, многу повеќе од било кога, учениците да се во присуство на квалитетни луѓе кои ќе учат не само од нивното знаење, туку и ќе нараснуваат од нивното присуство. Тоа беа коментарите на многу ученици, дека неговото присуство зрачеше и начинот на кои раскажуваше беа воодушевувачки.

Во неговото студио, имавме можност да видиме еден од најстар носач на звук во цилидричен облик, кој датира од 1912 година, што претставува златен музејски раритет. Музички списанија од 1945-1950 година со тогашни топ листи на изведувачи. Запознавање со винилот и нивната историја, како и безбројната колекција на книги. Се запознаа со почетокот на популарни жанрови и слоевитоста на музиката низ времето и нејзината промена низ децениите.

Ако не сте имале можност да го слушнете Драган Б.Костиќ, ви препорачувам на јутјуб да ги изгледате неговите интервјуа и да се запознаете со другата страна на многу наши познати личности. Тука се легендарните К-15 ликови Цацко – Бубо Каров, легендарното интервју со Миле Паника – Бранко О. Нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски и Сашко Коцев. KAVERVIL Dragan B.Kostic е неговата фб страна.

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ ќе продолжи со иновативни часови и нови техники, разновидни методи и бројни изненадувања, кои ќе бидат од голема важност и ќе вродат плод во учениците и следните генерации кои следат. Неуморно вложувајќи во младите генерации, се создава квалитетна иднина во секој сегмент од општеството. Затоа им го должиме нашето знаење на младите, а тие се должни спрема самите себе си да ги одберат најдобрите професори. Со одбирање на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, учениците својата желба и ентузијазам за учење го даваат во сигурни раце на најдобрите професори. Со најдобриот избор успехот е загарантиран.

Пишува: Филип Петровски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.