Документите од Струшките вечери на поезијата сместени во Државниот историски архив

Целата документација на една од  најголемата светска  манифестација на поезијата „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат сместени во  депото на Охридскиот архив. Фотографии, документи, снимки , рачни ракописи од големиот  број поети ширум светот, ќе бидат архивирани и добро сочувани за идните генерации како дел од историјата на земјава.

54 те архивски кутии со вредни документи од 1963 – 1990 година ќе бидат достапни за истражување  од научната фела.

Струшки вечери на поезијата е манифестација што се одржува секоја година во градот Струга како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струшките вечери на поезијата е единствена меѓународна манифестација од ваков вид, се смета за мост меѓу литературните меридијани на светот.

Целокупната документација на најстарата поетска манифестација во земјава „Струшки вечери на поезијата“, е предадена во Државниот историски архив. Вредните документи од 1963 до 1990 година, како дел од историјата на земјава, ќе бидат соодветно чувани за идните генерации .Во документацијата има и аудио и видео записи на касети и микрофилмови.

„Тоа значи огромен чекор не само за охридскиот архив и за самата манифестација. Успеавме да ги преземеме овие докуемнти и тие понатаму ќе бидат достапни за идните поколенија како еден вид сведоштво за оваа манифестација и врз основа нив нормално ќе се пишуваат научни трудови“, вели Никoла Митровиќ, директор на Охридскиот архив.

Целиот фонд на документи ќе оди на ре-обработка согласно архивските стандарди, а потоа ќе има публикации достапни за научната фела, која што ќе биде заинтересирана да го проучува фестивалот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.