Диџеј Вани: Ќерка ми е убавица, песната Maggy girl за неа е изведена на Модната недела во Милано!

Иако подолго време живее и работи во Велика Британија, Ванчо Манев или попознат како Диџеј Вани е активен и во постојана ко-релација со својата земја.

Музиката што ја создава за британски пазар ја пласира на социјалните мрежи, а најмногу во моментов владее на социјалните медиуми со песната Maggy girl и Mamma mia.

– “Вани мјузик” во моментов е во неколку поголеми активности. Тие се однесуваат на промовирање на песната Maggy girl која беше промовирана на голема нога, на Модната недела во Милано за време на модната ревија на А. Накашима од Јапонија. Песната е посветена на мојата убава ќерка Магдалена Маги, и во моментов тече нејзината промоција во Велика Британија а наскоро ќе биде и во Македонија.

-Maggy girl е направена во периодот кога се создаваше песната Mamma mia. Акцентот го дадов на Маги заради тоа што она беше секогаш со мајка ми и ѝ помагаше, едноставно беше моја подлога или моја потпора во најранливиот дел од мојот живот. Затоа јас одлучив заради таа поддршка и јас да ја поддржам неа и да ја поттикнам на еден ваков начин каде, што таа ќе се најде како модел и како јавна личност, или инфлуенсер. Доволно добро излезе ова со оваа модна ревија, едноставно сега ќе можам да ја  препорачам и до силните модни креатори, среќа што ете ми се пружи таа шанса. Мојата ќерка е и млада модна креаторка, истото така, пред која е модна кариера. Заради таа причина Maggy girl е креирана од инспирација за благодарност до неа, кога најтешко ми беше, периодот на загубата на мојата мајка, ќерката беше тука секогаш да ми помогне и секогаш ме тешеше, единствено таа можеше да го разбере тој најранлив момент за мене и никој друг, бидејќи таа беше со неа секогаш до последниот момент …

-Паралелно ми е важно и промовирање на песната и ремиксите на Mamma mia на радио 2 BBC како и промоција на мини еп Mamma mia со шест песни, која по успешноста на тик ток како една од слушаните нумери на Тик ток, вели тој.

Освен за себе работи музика за и со други артисти, по целосен британски принцип.

-“Вани музик” семејството се зголемува од 6 на 9 артисти, со тоа дава простор за поголема распространетост по медиумите во Велика Британија во секој жанр. Моментално артисти во Вани мјузик се: Djvani; 2 Crazy Deejays; Apolonnia; Sexydj; Silver foxx; Armando, а од пред една недела нови артисти се Jamie; Tommy и Tanya. За секој кој што сака да си ја проба среќата со “Вани мјузик”, нека испрати демо снимка до [email protected], порачува диџејот.

Mamma mia е снимена од DJ Vani и Apolonnia.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.