ДИЛЕК РЕЏЕП, ПИЈАНИСТКА: Ние уметниците имаме широки погледи и не сме оптоварени со предрасуди!

Да ја почнеме 2022 година со убав разговор со повод, со м-р ДИЛЕК РЕЏЕП, професорка по пијано во средното музичко училиште.
Минатата година беше година со успеси на професионален план, и веднаш да позборуваме за тоа. Освоивте рекордни 34 онлајн награди како професор, но и со учениците. Зачудувачка бројка на награди, како се дојде до сите нив?
-Да, минатата учебна година беше многу плодна за мене како професор по пијано во средното музичко училиште ДМБУЦ Илија Николовски- Луј. И покрај тоа што голем број колеги се жалат на неквалитетот поради онлајн наставата, мене ми одеше исклучително добро и амбициозно со учениците. Овие онлајн натпревари во најразлични делови на светот многу ги мотивираа моите ученици за работа и успех заради тоа што се најдоа во светска конкуренција со деца од сите раси и нации од светот и сѐ беше преку youtube платформата и достапно за гледање и слушање, а на некои од нив бројката на учесници беше огромна. Со ваков тип на претставување, бидејќи достапноста е огромна на платформата во целиот свет, учениците се трудеа максимално да бидат што поподготвени и посовршени во музицирањето. Тоа го постигнуваа затоа што знаеа дека жири комисиите секаде се сосема различни, со различни критериуми и никого од кандидатите претходно не го има видено, чуено или го познаваат, па мораа да се потпрат само на сопствените сили, работа и талент. Беа среќни што со многу малку средства можат да си дозволат вакво нешто, бидејќи одењето со лично присуство на вакви натпревари е многу скапо од финансиска гледна точка и ретко кој може да си го дозволи тоа. Бидејќи во пандемијата поголем дел од времето беа затворени дома и повеќе изолирани и исплашени од случувањата, вниманието им беше свртено кон музиката кое им го исполни времето квалитетно и успешно, им помогна и да се справат со стравовите од болеста и да го одржат добро своето ментално здравје, а исто и на нивните семејства, кои исто така беа ангажирани
околу натпреварите и јас, еве, како професор на нивните деца јавно им се заблагодарувам. Исто така во периодот на короната бидејќи, беше се онлајн, препознавајќи ги и моите квалитети и како магистер по пијано, бев видена, препознаена и изнајмена да работам како онлајн професор part time job, за универзитет во Гуангжу во Кина на англиски јазик, линценциран универзитет од Јулијард скул од Америка (само неколку вакви се низ светот) и сето тоа беше едно многу прекрасно и многу мотивирачко искуство за мене. Исто така се заблагодарувам и на “Пијано Центарот” претставници на пијаната Петроф и Фројрих во Скопје, на семејството штимери Даниел, Бојан и Кире Ристески, каде повеќето настапи беа снимани кога сѐ беше затворено и недостапно и каде децата дополнително беа мотивирани за свирење и снимање потикнати од прекрасните пијана, магијата на нивните звуци и самата атмосфера на просторот преполн со инструменти пијано.
Зедовте онлајн награди и за врвно подготвени ученици, а во Шпанија како дел од жири зедовте награда за врвни достигнувања. Дали се ова највисоките награди што досега ги имавте освоено?
-Да, ова се навистина највисоките награди досега добиени во мојата кариера како педагог и навистина сум среќна поради тоа бидејќи наградите се на меѓународно ниво, од педагози и пијанисти во жири комисии од цел свет и кои воопшто не ме познаваат и прват ги слушаат моите ученици. Прво мислам почнав со диплома од Интернационалниот Арт Фестивал Music Birthday of Arts во Киев- Украина февруари 2021 каде добив диплома за висок професионализам во подготвување ученици за меѓународни натпревари. Исто така во Април 2021 година добив диплома за високи педагошки достигнувања и професионална соработка на Интернационалниот онлајн натпревар Art in Experience во C. Македонија, која по принцип на светските натпревари е со интернационална комисија а имаше бројни учесници за наши поими огромни бројки. Во Мај 2021 година прв меѓународниот натпревар во живо ДМУЦ, Сергеј Михајлов- Штип во овој период диплома за специјален придонес за педагошки активности, откривање и развој на млади таленти во музиката. Потоа во летниот период децата беа многу активни и учествуваа на меѓународен онлајн натпревар во Шпанија МoneGross 88 кeys каде јас како професор имав 5 учесници, најмногу од една класа, и сите беа наградени, што ретко се случува на вакви натпревари и добив диплома признание за мојата огромна работа и постигнување врвни резултати на натпреварот на ранг на жири комисија. Во мај пак една моја студентка во категорија на професионални пијанисти освои втора награда во Соединетите Држави- Атланта. Потоа, во летниот период во јули добив две дипломи Сертификати од натпревари онлајн Great Masters Vladimir Horowitz edition во Грац- Австрија (натпревар во чест на големиот пијанист Владимир Хоровиц) за извонредни резултати на професионално ниво како пијано едукатори, на 21 јули 2021. Втората диплома Sertificate of appreciation на меѓународен онлајн натпревар Истра Стар 2021 од Интернационалната академија С.П.Е.К.Т. Р. организиран од Почесниот конзулат, Крањ во Словенија– Хрватска за извонредна посветеност и високи педагошки вештини.
Со колку ученици ги постигнавте овие успеси, колку време ги обучувавте?
-Ќе ми треба многу простор да набројам но ќе се обидам сумирано, бидејќи да кажам и најмалиот чекор некогаш е важен, секогаш мотивира и носи кон нешто поголемо и расте. Морам да кажам дека и дел од учениците не беа директно во моја класа но изразија желба јас да ги подготвам и постигнавме големи резултати, бидејќи веќе во светот можете да учествувате и без да припаѓате на некое училиште, само треба да имате ментор кој ќе ве подготви и под чие име настапувате, и ете на тој начин се трудиме да ги мотивираме учениците да се запишат во средно музичко училиште. Бидејќи во последните години со појавата на интернет и ИТ професиите децата сѐ помалку сакаат да се занимаваат со нашата професија. А пак за возврат на тоа комбинацијата на овие технолошки професии со нашата дава многу креативни и перспективни резултати. Листа на ученици подолу ќе ја објавам. Некои ги обучувам од самиот почеток, некои подоцна се вклучуваат а некои и завршија станаа студенти и цело школување беа кај мене. Не правам исклучоци, за секој кој што е отворен за соработка и сака да постигне резултати и работи посветено на тоа, тука сум.

Студентот кој што се запиша на Конзерваториумот во Гнесина во Москва Давид Јовановски е Ваш ученик на пијано, од самиот почеток. Дали зедовте учеството во неговата одлука да се запише на овој престижен Конзерваториум?
-Да, секако, јас секогаш посочувам и сакам моите ученици да одат надвор на престижни универзитети како и на онлајн натпревари, своито знаење, искуство и надоградба во знаењето да го стекнат во светска конкуренција и во непозната средина за нив, да не се плашат да го направат тоа или барем да се обидат, но искрено и негова желба беше тоа. Колку и да посочувам и советувам секогаш на крај оставам последниот збор да го каже студентот, бидејќи е тоа негов животен пат и треба да најде каде припаѓа и каде најдобро ќе се чувствува, за да го надогради своето знаење и се здобие со професионални искуства и вештини, за секого има место во светот само треба да го пронајде. Нашата професија е глобална и затоа ние уметниците претежно имаме визија со широк поглед на нештата и не сме оптоварени со расни, верски, старосни или национални предрасуди туку баш напротив секогаш сакаме да соработуваме со луѓе од различни култури и простори и континенти.
Во корона-периодот наместо живи концерти, снимивте доста настапи кои се објавени на јутјуб каналот. Како да ги пронајдеме и погледаме?
-Снимавме и тоа се покажа исто прекрасно искуство зашто без разлика дали снимате во живо или аудио или видео секогаш треба да го имате чувството дека свирите за публика таа е тука зад камерата ве слуша ве гледа. А снимањето исто и помага во стекнување на рутина при фокусирање на свирењето .
https://www.youtube.com/results?search_query=dilek+redzep
бидејќи има доста линкови на овој канал исто и во плејлиситите може да пронајдете речиси сѐ.
Во периодот пак на посткороната почнавте и со концерти, не само кај нас туку и во други земји. Во Софија одржавте успешен концерт со студентката Илина, на само пет дена по отворањето на границите. Значи дека имате големи импресии од тој настан?
-Навистина беше доживување тоа
бидејќи тоа ми беше прво излегување од пандемијата како почна надвор од нашите граници и навистина се чувствував посебно среќно и возбудено. Со студентката Илина Митревска соработуваме подолго време, минатата година имавме концерт на манифестацијата “Скопско лето” за млади надежи и покрај пандемијата, доста снимавме заради нејзите приемни испити во странство секако сѐ беше онлајн, но сега ете имавме шанса да имаме матине концерт прво тука во Скопје во Музејот на ревоционерната борба каде имавме доста публика и покрај протоколот, се претставивме со оперски дела, а јас и со Фредерик Шопен. Концертот беше планиран во К.И.Ц. во Софија и бевме многу среќни што успеавме да одиме да се претставиме, а таму беа пресреќни што имаа шанса да не слушнат и да учествуваат на концерт во живо. Имавме публика од светот на
дипломатијата, бразилската амбасадорка беше тука, потоа од Албанија, Косово и други, културни работници и друга публика и бевме многу почесно пречекани со коктел од домаќините во К.И.Ц во Софија. Имавме и гостинка на концертот ни учествуваше нивната мецосопранистка Десислава Тодорова која испеа и дует за финалето на концертот. Импресиите беа прекрасни, незаборавни. Едноставно мора да кажам дека јас обожавам да свирам надвор од границите на нашата држава, затоа што претставувањето надвор од границите носи размена на прекрасни искуства како професионалци и како размена на култури и освојување нова публика.

Со Вашата колешка Јасмина Трајчевска на новогодишниот концерт на Вашите класи, ги отсвиривте познатите “На убавиот син Дунав” и “Радетски марш”, со што ги поддржавте Вашите студенти и внесовте позитивна енергија. Тоа беше завршниот Ваш концерт за минатата година. Колку учесници и со која програма?
-Овојпат имавме многу ученици, свиреа речиси 30- тина, сите просто беа волни да настапуваат во живо некој да ги слуша иако по протокол моравме да внимаваме, но сепак имавме публика во голем број. На концертот ни гостуваше и виолинската класа на колешката Сања Трајковска- Рашкова чии ученици јас ги придружував и учениците по пијано на д-р Јулијана Папазова. Програмата беше многу разновидна и имавме доста интересни композиции и со новогодишни композиции во разни аранжмани кои децата ги препознаваа. Концертот беше подолг од обично, но ете сакавме да им ја исполниме желбата на сите да настапат. Секако врв на програмата беше и нашиот настап со колешата Јасмина Трајчевска како пијано дует со прекрасни аранжмани на познатите виенски композиции на Рихард Штраус “На убавиот син Дунав” и “Радетцки марш” со кои секогаш завршува Виенскиот концерт во златната сала Мусикверен во Виена, кои овојпат беа тајна, и публиката и децата беа секако воодушевени и изненадени, а и ние бевме во прекрасно расположение. Треба да напоменам дека свирењето со колешката за мене беше прекрасно уживање во музиката со уметник рамен на себе, бидејќи не секогаш може да уживаме во свирењето со ученици и студенти кои се во процес на развој и често и несигурни во себе и сѐ уште се бараат во својот уметнички израз. Многу од помалите деца до петто одделение првпат свиреа на ваков концерт.
Онлајн платформите се нешто што одлично го владеете, од времето кога за прв пат Вашите цедиња беа поставени и продавани секаде низ светот преку Амазон. Да се потсетиме и на тие успеси, но како одат Вашите планови во насока?
– Да јас почнав многу рано на видео платформите, просто бев многу среќна од времето кога се појавија, затоа што тука ја почуствував можноста да ја споделам мојата музика и моите изведби со светот воопшто. И бев среќна што претходно доста мои изведби беа снимани повеќе аудио, но и видео, па имав што да претставам. Речиси и бев меѓу првите кои не се срамеа да ја споделат својата уметност со светот, зашто дотогаш по осамостојувањето на државата, бевме во поприлично затворена уметничка средина со доминација на одредени структури во општеството кои тешко дозволуваа уметниците да се пробијат во светот самостојно и на начин на кои се функционираше во Европа Америка, па и Азија го прифати тој тренд, по политичките промени во нивните земји. Многу од нашите уметници и професори долго време не се осудуваа да постават свои творби и изведби затоа што не беа навикнати на критериумите на публиката, не знаеја како ќе реагираат на сето тоа и можеби не разбираа дека поставувањето на видео и аудио материјали ќе ги направи достапни низ цел свет. Но, секогаш треба да се ризикува затоа што никогаш не може да знаете на кого ќе му се допаднете, а на кого не во светот и да не се плашите од критики и коментари затоа што сето тоа зависи кој каков вкус има, каква музика сака, од кое поднебје потекнува и така натаму, бидејќи платформите се достапни на сите континенти и најважно за поширока публика не за посебни кругови. Да, моето цд беше објавено преку независна музичка ком. CD Baby Independent music store во Америка дигитално и регуларно се како што треба и се продава на Аппл сторе, Амазон и други мрежи со кои соработува самата ком. Денеска, оттогаш се појавија уште многу музички мрежи и начини за дистрибуција и јас го следам сето тоа и се разбира планирам и нови проекти и нови ЦД, во таа насока со денешните посовремени технологии.

ова е линкот за цд то на Амазон, а морам да кажам дека се продава целосно, но и секоја композиција посебно како стрим и дел од композициите многу добро одеа во Јапонија од нивниот Амазон на јапонски.
Онлајн комуникацијата навистина Ви донесе нови и Ви носи уште успешни форми на пробив и соработки со музичари од цел свет, со разни универзитети и институции, но Ви донесе и ангажман како професор за надворешна соработка на Универзитет во Кина. Тоа е голема привилегија, раскажете ни за тоа искуство.
-Во короната бидејќи сѐ беше онлајн препознавајќи ги и моите квалитети како магистер по пијано, бев видена, препознаена и изнајмена да работам онлајн професор part time job за линценциран универзитет од Америка од кои се само неколку вакви низ светот, а кој беше во стациониран во Гуангжу во Кина, предава на англиски јазик и беше едно многу прекрасно и многу мотивирачко искуство за мене. Работата со азијатските ученици е едно прекрасно искуство зашто учениците се многу коректни во однесувањето со голем респект, но и искреност кон професорот и кон работата кон желбата да се научи нешто ново за пијанизмот, за стиловите на изведба и се многу вредни и исполнителни, бидејќи се воспитани да го покажуваат тоа што го знаат, постојано сакаат јавно да свират и да покажат што научиле. И понатаму се патиштата отворени, па ќе видиме иднината што ќе донесе. Понуди има, но ќе видиме на каков и на кој начин ќе го реализирам сето ова, само жалам што сето ова не можев да го постигнам многу порано, но
ете сепак доаѓаат нови денови и да се надеваме дека долго ќе живеам за да го надоместам пропуштеното. Во секој случај продолжувам понатаму.
Бидејќи со интернетот речиси сите врати се отворени, кое е следната Ваша поголема амбиција како професор и пијанистка, каде би сакале да го пренесете Вашето знаење и умеење со овој волшебен инструмент?
-Мојата амбиција како и досега е да ги проширам своите активности низ многу делови на светот како концертни и, педагошки, соработките, онлајн мастер класовите и сѐ друго што може да се направи, а и комбинациите на пијаното со други форми на израз и технологии во комбинација кои нудат вистинско аудиовизуелно уживање на сцената и видеата ми е во план. Мислам дека сето тоа го објаснив на последното интервју за емисијата “Будење” со прекрасната водителка Јулија Мациевска каде гостував и може да го погледате на youtube платформата на линкот


Валентина Ѓоргиевска Парго


Освоени награди 2019/2020 класа М-р Дилек Реџеп

1. Гала Булатовиќ 3 одд. М-р Д. Реџеп Интернационален натпревар за млади пијанисти „Охрид те сакам“ Р. С. Македонија, ноември 2019/2020 (во живо) 2-ра награда
2. Гала Булатовиќ 3 одд. М-р Д. Реџеп 7-ми Интер. пиано натпр. Онлајн во Смедерево 2020 април 1-ва награда
3. Гала Булатовиќ 3 одд. М-р Д. Реџеп Интернационален пијано натпревар Онлајн „Арт ин експириенс“ јуни
Р. С. Македонија 1-ва награда
4. Гала Булатовиќ 3 одд. М-р Д. Реџеп 3 Меѓународен пиано натпр. Онлајн „Charvini fantasy“ мај 2020 Киев, Украина
5. Гала Булатовиќ 3 одд. М-р Д. Реџеп WPTA Прв Интернационален пијано натпревар Music alive 2020 (Универзитет
во Шлезија) – Полска јули Honorable mention – почесно признание за изведба
6. Дебрешлиоски Стефан М-р. Д. Реџеп Интернационален натпревар за млади пијанисти „Охрид те сакам“ Р. С. Македонија, ноември 2019/2020 во живо 2-ра награда
7. Дебрешлиоски Стефан М-р. Д. Реџеп 7-ми Интернационален пијано натпревар Смедерево Р. Србија, 2020 онлајн
2-ра награда
8. Игор Максимовски М-р. Д. Реџеп Интернационален пијано натпревар онлајн „Арт ин експириенс“ Р. С. Македонија, јуни 2020 2-ра награда
9. Ана Здравковска М-р Д. Реџеп Интер. пијано натпревар онлајн „Арт ин експириенс“ Р.С.Македонија, јуни 2020 2-ра награда

Освоени награди 2020-2021 класа М-р. Д. Реџеп
1. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп Интернационален натпревар за млади пијанисти „Охрид те сакам“Р. С. Македонија 2020 ноември онлајн 3-та награда
2. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп Интернационален пијано натпревар ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ “Young
talents” (во живо), Р.С.Македонија ноември 2-ра награда
3. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп Меѓународен онлајн натпревар “Music birthday of arts” – Киев, Украина февруари 2021, Прв степен Лауреат (1-ва награда)
4. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп Меѓународен онлајн натпревар “Future stars”, Италија, Втор степен Лауреат (2-ра награда), февруари 2021
5. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп Интернационаленнонлајн натпревар „Арт ин експириенс“ Р. С. Македонија
2021 април 1-ва награда
6. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален натпревар по пијано (во живо) ДМУЦ „Сергеј Михајлов“
Штип Р. С. Македонија, 2021 1-ва награда
7. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп, Втор Интернационален пијано натпревар онлајн “Monegros 88 keys”- Арагонија, Шпанија, 2021 јуни, 2-ра награда
8. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн “ISTRASTAR” 2021, (Интер.
академија S.P.E.K.T.R.) – Словенија-Хрватска, 3-та награда
9. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн “GREAT MASTERS” – Владимир
Хоровиц online edition – Грац, Австрија, Јули 2021, 2-ра награда
10. Гала Булатовиќ 4 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар во две етапи “MEDICI” Лондон,
Англија 2021, 2-ра награда (Сребрен медал)
11. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Полихимнија“ 2020,
номеври, 1-ва награда
12. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн (во живо) ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип Р.С.Македонија ноември 2020 1-ва награда
13. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн “Охрид те сакам“
Р. С. Македонија, 2020 ноември, пофалница
14. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Полихимнија“
Р.С.Македонија, 2021 мај, 2-ра награда
15. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ “Young talents” Скопје, Р.С.Македонија, 2020 номеври, пофалница
16. Стефан Дебрешлиоски 5 одд. М-р. Д. Реџеп, Втор Интернационален онлајн пијано натпревар “Monegros 88 keys” – Арагонија, Шпанија, 2021 јуни, 2-ра награда
17. Игор Максимовски 3 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје Р. С. Македонија, “YOUNG TALENTS” 2020 ноеври, 3-та награда
18. Игор Максимовски 3 одд. М-р Д. Реџеп. “PIANO FEST” 2020 онлајн, Битола Р. С. Македонија, 1-ва награда
19. Игор Максимовски 3 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн “Glazbena Cipka Idrije”-
Словенија , февруари 2020, 1-ва награда
20. Игор Максимовски 3 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Арт ин експириенс“,
Р. С. Македонија, 2020 април, 2-ра награда
21. Игор Максимовски 3 одд. М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн “Monegros 88 keys” –
Арагонија, Шпанија, 2021 јуни, 2-ра награда
22. Ана Здравковска 3 одд М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн ДМБУЦ „Илија Николовски-
Луј“ “YOUNG TALENTS” (во живо), Скопје, Р.С.Македонија, 2020 ноември, 3-та награда
23. Ана Здравковска 3 одд М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Пиано фест“ Битола Р. С. Македонија, 2020 декември, 2-ра награда
24. Ана Здравковска 3 одд М-р Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Арт ин експириенс“, Р. С. Македонија, 2021 април, 1-ва награда
25. Елена Павловска 5-одд М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Охрид те сакам“ 2020 ноември, Пофалница
26. Елена Павловска 5-одд М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн ДМБУЦ „Илија Николовски-
Луј“ “YOUNG TALENTS” (во живо), Скопје, Р.С.Македонија, 2020 ноември, Пофалница
27. Елена Павловска 5-одд М-р. Д. Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн „Арт ин експириенс“, Р. С. Македонија, 2021 април, 3-та награда
28. Перик Тијана 4 –та година средно М.Т.П. М-р Д. Реџеп , Интернационален пијано натпревар онлајн Art in Experience Р. С. Македонија 2021 април 3 та награда
29. Периќ Тијана 4-та година средно МТП, М-р. Д. Реџеп, Интернционален онлајн пијано натпревар IYMC Classical
hobbyist, Atlanta USA, 2021 март, Merit – Пофалница
30. Давид Јовановски 4-та година средно МТП, М-р. Д. Реџеп, Интернационален онлајн пијано натпревар IYMC Classical hobbyist, Atlanta USA, 2021 март, 3-та награда
31. Јана Неданоска 7 одд. М-р Д.Реџеп, Интернационален пијано натпревар онлајн Art in expirience 2021 Април
Р. С. Македонија 3 та награда
32. Јана Неданоска 7 одд. М-р Д.Реџеп Интернационален пијано натпревар онлајн Монегрос 88 кејс Шпанија јули 2021 2 награда
33.Тара Мухич 5 граде АБРСМ Интернационална Лондон школа М-Р Д.Реџеп Диплома за учество за Virtual .M.I.C. vo Куала Лумпур во Малезија Декември при здружение Шопен Сосајети Малезија
34.Тара Мухич 5 граде АБРСМ ИНтер, Лондон школа М-р Д.Реџеп Интернационален пијано натпревар онлајн МонеГрос 88 кејс во Шпанија јули 3 награда

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.