24 мај – Ден на сесловенските просветители и учители Кирил и Методиј

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј  е државен македонски празник, кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на СВ.Кирил и Методиј основачите на првата словенска збука -глаголицата.

Во 11. век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата св. Бгородица во Скопје. Св.Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонците . Потоа се оддалечи на светата гора (планината) Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. 

Во почетокот на 9 век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија.Во тоа време Pомеиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. 

Во првите децении на 9 век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошникна ромеискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е јасно македонска ,.. нивните имиња јаcно македонски . Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот – Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.       

Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Костантинопол (Цариград – Истамбул ) да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика.

Покрај овие науки, Константин учел и јазици – латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф. 

Вечна им слава и почит за нивните дела!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.