Ако сакате шампињони, ова јадење ќе го обожавате. А доколку спанаќот и пармезанот се ваша омилена комбинација го имате вашето омилено јадење.
СОСТОЈКИ:
- 20 шампињони
- 2 парчиња лук
- 4 шолји спанаќ
- 220 гр. крем сирење
- сол и бибер
- ¼ шолји пармезан
- ¼ шолји презла
ПОДГОТОВКА:
- Се мијат печурките им се двојат дршките
- Се редат на намастен плех и се сечат ситно дршките, се пржат на масло со лук, спанаќ, крем сирење, сол и бибер.
- Се пржи убаво и се полнат печурките, па се става презла и пармезан и се печат на 190 степени 15 минути.
После се вадат од рерна и чекате да оладат и веднаш можете да ги сервирате и да си кажете: Пријатен ручек !
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.