Децата со Даунов синдром во Македонија добија свој центар

Вчера во Скопје беше отворен првиот Дневен центар за Даунов синдром во Република  Македонија. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот Храм а целата адаптација и опремување е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa. Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.

Развојот на Центарот се одвива со поддршка од лица на Центарот за социјална работа, Заводот за социјални дејности и Градот Скопје, кој веќе финансира проект за поддршка на децата со Даунов синдром во рамките на овие простории. Се е во соработка со родителите на децата, и со Граѓанските организации како Трисомија 21, со кои министерството за труд и социјална политита развива партнерски односи од самиот почеток.

Центарот е достапен и отворен за сите деца со Даунов синдром, кој можат континуирано да ги користат предностите и услугите од истиот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.