Децата не можат да играат на игралиштата без да ја допираат целата опрема. Истражувањата покажуваат дека коронавирусот може да живее на бакар до четири часа, картон околу еден ден, а на пластика и нерѓосувачки челик околу два до три дена . Колку е безбедно да се носaт децата на игралиште и што препорачуваат лекарите?
Мислењето на сите лекари е дека носењето на игралиште на децата не е баш безбедно затоа што децата не можат да се контролираат и тие се движат низ цело игралиште , не знаат дека треба да одржуваат оддалеченост со другите деца , допираат се и затоа е најважен пристапот на возрасните што ги носат за да им овозможат некоја безбедност.
Така, возрасните треба да го насичуваат детето д ане оди каде што има повеќе деца, на лизгалките да не се туркаат едни до други и да одржуваат растојание. Иако,ова е тешко сепак ќе мора да с енавикнуваме на оваа наметната нова реалност па и децата полека да ги навикнуваме.
Во разните студии на ова атема,сите с есогласни дека игралиштата за деца се токму наменети за социјализација и забава а треба сега да се пренаменат во места каде децата нема да комуницираат меѓу себе ,што е тешко и најмногу зависи од возрасните.
Затоа, лекарите препорачуваат повеќе одење на прошетки, семејни игри а помалку користење на овие места заради заштита на децата.
Но, дали е тоа можно, посебно за оние што живеат во згради? Сепак совеста на возрасните е најважниот дел од заштитата на децата и во овие услови, кои треба постојано да ги дезинфицираат рацете на децата и да внимаваат на одржување на дистанцата со другите деца.