Чествување на Есма со песна во МКЦ

Со огромна чест и задоволство Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски„ и СП БТР ја поканува публиката на еден навистина уникатен сценско музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав”.
Тој настан е на некој начин и годината на одбележување на 80 години од раѓањето на Кралицата на Ромската музика и воедно хуманитарец со големо срце– Кралицата Есма Реџепова Теодосиевска.
На настанот ќе биде прикажан кус документарец а ќе бидат изведени 11 музички нумери од големиот музички опус на Есма Реџепова Теодосиевска во изведба на познати музички имиња од македонската и ромската музичка сцена.
Ќе се одржи утревечер, среда 22 .11.2023 – Кино „Фросина„ МКЦ, Скопје, со почеток во 19 часот.
Ќе настапат: Анета Љумаковска, Сузана Гавазова, Бернат Демирали, Ервин Аметовски, Рамадан Бислим Рамко, и 14 годишната супер-талентка Хајрија Бислим, во придружба на оркестарот “Титаник”.
Модератор на вечерта ќе биде Муарем Рамуш Цирко, а ќе снима Телма телевизија.
Во организирање на овој настан поддршка дадоа и Министерство за култура и Град Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.