Честитката за “Среќна Нова Година и среќни празници” од МОБ- постигна рекорд!

Срдечната и топла видео честитка од најреномираните институција за култура кај нас, Опера и Балет, за време на новогодишните празници постигна рекордна гледаност од граѓаните на нашата земја и пошироко.

По тој повод ви го пренесуваме и официјалното соопштение по повод овој рекорд на видеото, снимено од реномираните уметници од оваа куќа, кое ги освои срцата на домашната публика и пошироко.

Во соопштението се вели:

Драги љубители на уметноста, почитувана публико и пријатели, членови на нашиот колектив…

Оперски и балетски солисти, диригенти, раководители и останати вработени, се обединија и снимија топли Новогодишни пораки, искрено заблагодарувајќи се на публиката за поддршката во текот на целата година. Секоја честитка носи посебен дух и единствена порака за љубов, радост и желба за среќна и успешна Нова Година.

Оваа година одлучивме да ги споиме сите честитки во еден видео кој симболизира заедништво, креативност и преданост кон нашата институција, но и љубов кон уметноста што секојдневно ја споделуваме со вас. Нашиот колектив, како еден од симболите на културниот живот во Македонија, низ ова видео, изразува благодарност и испраќа најубави желби на колегите, публиката и сите граѓани.

Видеото на нашата Фејсбук страница (https://www.facebook.com/NacionalnaOperaiBalet/videos/1296050028256660) е прегледано повеќе од
370.000 пати, па ве повикуваме и вас, заедно со нас, да го споделите празничното расположение.

Среќна Нова Година и претстојните празници од целиот колектив на МОБ, нека 2025 година ви донесе здравје, среќа и исполнување на сите ваши желби.

Следете нѐ и понатаму, бидејќи нѐ очекуваат многу нови и возбудливи авантури во светот на операта и балетот.

Среќни празници од #МОБ!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.