„Бушава азбука“ е македонска култна македонска серија за деца, која донесе новина во телевизискиот пристап во обработка на детските серии. Таа беше предводник на многуте програми што во следниот дведецениски период се создаваа во Македонската телевизија (Телевизија Скопје до 1991 година).
Тоа е детска програма во продукција на МРТВ во 1985 година, од авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, Музиката е на Леб и сол и Ана Костовска.
Обработката на сите букви од азбуката на интересен и оригинален начин ја направија серија број еден со децении.
Деновиве на социјалните медиуми се појави информација оц Гоце Митевски кој вели „ Ја дигитализирав „Бушава азбука“ во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ. Се трудев преносот да е што е можно поавтентичен, но ако забележите некои недоследности, слободно пријавете проблем, напиша Гоце Митевски на Твитер“.
Дигиталната верзија на „Бушава азбука“ погледнете ја на овој линк
Убав потег за зачувување и доближување на серијата до новите генерации , но за жал и покрај долго време правените подготовки за снимање на продолжение на тандемот Стефановски-Унковски, тоа не се направи. Затоа создадените вредни дела треба да се чуваат.