24 октомври 2024
Уште само неколку часови нѐ делат од моментот кога светската рок ѕвезда Дамијано Давиде ќе го лансира својот нов сингл и спот, насловен “Born with a broken heart”.
Фронтменот на шампионската евровизиска група “Манескин”, по втор пат на својата милионска публика ѝ се претставува како соло изведувач.
На 27 октомври ѝ ја подари супер песната “Silverlines” со која ја најави својата соло кариера.
А утре, 25.10.2024 следува “Born with a broken heart”.
Песната ја најави со спот.
Двете соло песни и авторски се негови.
Неговите фанови утре ќе ги дознаат сите детали за песната и за спотот.
Припаѓаат на албумот кој се вика Labirinth.
Деновиве тој престојуваше во Њујорк.
Тој изјави дека и “Манескин” продолжува со работа и одат и натаму на бројни концерти и турнеи.
Роден е на 8 јануари 1999 година во Рим, Италија, во светската музичка жижа влезе по победата на “Манескин” на Евровизија 2021 година во Ротердам, Холандија, со песната “Zitti e buoni” кога по победата порача “Рокенролот не е мртов”.
Неговата порака од денес на Инстаграм гласи: Гледајте го спотот “Born with a Broken heart” и филмот “La La Land”.
Зошто, ќе дознаеме утре.
Валентина Ѓоргиевска Парго уредничка во КулАрт