Битолскиот Музеј со 10 видеа на знаковен јазик

Во рамки на проектот насловен „Ние во Музеј“, поддржан од Министерството за култура, Заводот и Музеј-Битола промовираше 10 нови видеозаписи на знаковен јазик, од постојаната сопствена поставка .

-Новите десет видеа со знаковен јазик се од големо значење, а тоа го констатираа и присутните ученици и професор од Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“-Битола, дефектолози од Куманово и од Скопје, како и лица со оштетен слух од Битола кои ја следеа промоцијата на проектот раководен од д-р Ирена Ружин, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

Во видеоматеријалите интерпретатор на знаковен јазик e Катерина Шаркоска, а наратор Силвана Петрова Насух. Проектот го координираше м-р Јове Парговски од   НУ Завод и Музеј-Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.