сабота 23 ноември, 2024
Почетна МУЗИКА Фестивали Битолската манифестација „Незаборав“ полека станува бренд-Ова издание посветено на „Фолк Фест Валандово“

Битолската манифестација „Незаборав“ полека станува бренд-Ова издание посветено на „Фолк Фест Валандово“

Во голема сала на Центарот за култура во Битола , во организација на Панде Димитровски неделава се одржа деветтото издание на манифестацијата “Незаборав“. Годинашново издание  беше посветено на Битолчани кои учествувале на било кој начин на “Фолк Фест Валандово“, Фестивал на народни песни, од 1985 до 2000 годинa.Овој пат, за разлика од изминатите осум пати на сцената на големата сала на Центарот за култура во Битола, беа оние кои низ годините биле  дел на  “Фолк Фест Валандово“, како изведувачи или дел од авторскиот тим.

Групите “Калабалак“ и “Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска ја направија синоќешната вечер, вечер за потсетување на хитовите кои ги пееја заедно со публиката. Заедно се пееја песните кои ги напишаа Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица, песните на битолските автори на музика Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски,Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски,Миодраг Неќак – Микс, Љубо Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски, но и песните на автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на “Валандово фолк фест“: Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.“Младиот џумбушлија“, “Ако одам во Битола“, Ако згрешам нека изгорам“, “Дај те ми ја“… беа само дел од дваесетината песни кои битолските пеачи и публиката заедно ги испеаја синоќа на годинешното деветто издание на “Незаборав“.Но,  публиката и изведувачите преку песните се потсетија и на битолчани кои, за жал, не се повеќе меѓу нас. Присутните покрај во убавите песни уживаше и во рециталите на Силвана Петровска – Насух.

Деветте изминати изданија беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков и на групата “Битолски конзули“.

На крај сите заедно ја испеаја песната ако одам во Битола, а организаторот го најави 10. издание на “Незаборав“ во 2020 година.

Фото галерија од https://bitolanews.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }