11 Март 2024 година
Знаете ли што е глауком? Описно кажано тоа е очен притисок кој настанува од капката водичка во окото која го притиска оптичкиот нерв одназад и доколку не се третира со време може да доведе до слепило, и тоа трајно слепило.
Ако се спречи, или лекува, нема да дојде до таа кобна состојба на губење на видот.
Затоа очниот притисок е нужно да се мери.
И ние не знаевме, а ова денес го дознавме случајно, поминувајќи низ центарот на градот, каде до славната фонтата е поставен голем шатор под кој вредната и љубезна екипа бесплатно ви мери очен притисок.
Побрзајте: денес се во Скопје до 16 часот, утре во Битола, во среда во Тетово, во четврток во Куманово и во петок во Штип, од 10 до 16 часот.
Ова се процедува од страна на Кабинетот на Очната клиника во Скопје, во рамките на Светскиот ден на глаукомот.
Прегледот е неколку секунди, а Вие за момент имате резултати.
Редици граѓани чекаат денес за преглед во Скопје, побрзајте и вие доколку сакате да знаете каков е вашиот очен притисок…
Малку време одзема, а вреди многу!