Берлин – моќ и сила на градот со бурна историја, култура и знаменитости

Репортажата ја забележи М-р Татјана Гогоска – уредник на www.куларт.мк

Берлин за мене е еден од оние градови, кои откако ќе ги посетиш долго време се сместуваат некаде во посвеста заради архитектурата, животот во дневните и вечерните часови но и некој специфичен мирис на воздухот што го дишете во тој град. Воздухот во Берлин мириса на моќ, сила, нежност или на моменти на некоја чудна носталгија. Тој е главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија, и е центар на метрополитенската област  Берлин-Браденбург, во која живеат луѓе од над 190 земји. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.

Првите податоци за градот потекнуваат од 13 век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија), на Германското царство , на Вајмарската Република  и на Третиот Рајх . Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот. По Втората светска војна градот бил поделен на Источен Берлин кој станал главен град на Источна Германија и Западен Берлин, поделен со Берлинскиот ѕид  (1961-1989). По германското обединување во 1990, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домаќин на 147 странски амбасади. Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката. Неговата економија првенствено се заснова на услужниот сектор и опфаќа разновиден мозаик на креативни индустрии, медиумски корпорации, конгресни и конвенциски центри. Берлин претставува континентален центар за воздушениот и железничкиот сообраќај, и еден од најпосетените туристички центри во Европа. Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет.

Потеклото на името на Берлин не е познато, но се претпоставува дека може да е поврзано со збор од стариот полапки јазик чиј корен е berl-/birl-, а во превод значи мочуриште.

Историја

Триесетгодишната војна од 1618 до1648 година имала катастрофални последици за Берлин. Една третина од куќите биле оштетени, а градот изгубил половина од своето население. Фридрих Вилхем, наследник на својот татко Георг Вилхелм, бил познат како „големиот изборен кнез“ и тој вовел политика на промовирање на имиграцијата и верската толеранција. Со Постдамскиот едикт во 1685 година, Фридрих Вилхелм им понудил азил на француските хугеноти.  До 1700 година, околу 20% од жителите на Берлин биле Французи и нивното културно влијание врз градот било огромно. Уште многу други имигранти дошле од Бохемија, Полска и Салцбург.

Берлин станал главен град на Германското царство во 1871 година, со крунисувањето на Фридрих I во 1701 година ,  тоа било успешен обид главниот град да се централизира во распространетото Пруско Кралство и оттогаш, за прв пат, градот почнал да се проширува. Во текот на 19 век, индустриската револуција го променила Берлин; економијата и населението на градот драстично се прошириле и тој станал железнички и економски центар во Германија.

Берлин по Втората светска војна
Во  1918 година, на крајот од Првата светска војна , во Берлин била прогласена Вајмарската Република. Во 1929  година, со актот за Голем Берлин, кон градот биле приклучени десетици предградија, села и имоти околу Берлин со што се проширил градот На 30 јануари 1933 година, Адолф Хитлер и Нацистичката партија дошле на власт. Нацистичката власт ја уништила еврејската заедница во Берлин, која пред 1933 година броела 170.000 луѓе.  За време на Втората светска војна, голем дел од Берлин бил уништен во воздушните напади во 1943-1945 година. Градот бил опустошен и во текот на битката на Берлин, кога стотици илјади луѓе загинале, од кои околу 125.000 биле цивили.
По крајот на војната во Европа во 1945  година, во Берлин се населиле голем број бегалци од источните провинции. Победничките сили го поделиле градот на четири дела, соодветно на окупационите зони на кои била поделена Германија.Берлин бил опустошен од бомбардирањето во Втората светска војна, а многу од старите градби во двата дела на Берлин, кои тогаш не биле урнати, биле уништени во 1950-тите и 1960-тите години. Голем дел од оваа уништување било предизвикано од архитектонските програми на окрузите за изградба на нови станбени или деловни згради, како и за изградба на главни патишта. Во источниот дел, можат да се забележат многу згради што се типични за Источниот блок (Plattenbauten) и сега потсетуваат на него. Целта на таквите згради била да се се создадат комплетни станбени блокови со продавници, детски градинки и училишта.

Периферијата на Берлин е покриена со шуми и бројни езера и  градот има т.н. океанска клима.

 

Религија
Берлинска катедрала
Повеќе од 60% од жителите на Берлин немаат регистрирана верска припадност. Најголеми верски објекти се Евангелска Црква во Берлин-Бранденбург (обединета црква во рамките на Евангелската црква во Германија) со 19,4% од населението, според податоци од 2008 година и Римокатоличката црква со 9,4% од населението. 2,7% од населението припаѓа кон други христијански вери а 8,8% се муслимани. Во Берлин има над 120.000 Евреи и повеќето од нив се доселиле од поранешниот Советски Сојуз have come from the former Soviet Union.. Берлин е седиште и на Римокатоличкиот епископ (Римокатоличката архиепископија во Берлин) и на Протестантскиот епископ (Евангелска Црква во Берлин-Бранденбург). Независната Евангелско-лутеранска црква во Берлин има осум парохии со различни големини. Во градот има 36 Баптски заедници, 29 Ново Апостолски цркви, 15 Евангелско-методистички цркви, осум Слободни Евангелски заедници, шест заедници на Црквата на Исус Христос на светите од последните денови, Старата католичка црква и Англиканската црква во Берлин. Берлин има 11 синагоги, два будистички храмови и 76 џамии. Исто така има голем број хуманистички и атеистички групи во градот.

Образование

Хумболтовиот универзитет
Главната област Берлин-Бранденбург е една од најплодните центри на високото образование и на истражувањето во Европа. Градот има четири универзитети и 27 приватни, професионални и технички колеџи (Hochschulen), кои на студентите им нудат најразлични дисциплини. Во 2008/09 година биле регистрирани 135.327 студенти на 31 универзити и колеџи.. Во трите најголеми универзитети запишани се околу 100.000 студенти. Тие се:Хумболтовиот универзитет со 35.000 студенти, Слободниот универзитет  во Берлин со околу 35.000 студенти и Техничкиот универзитет во Берлин со 30.000 студенти. На Универзитетот за уметност има околу 4.300 студенти. Во градот има многу истражувачки институции, како на пример институтот Франкуфер, институтот Лајбниц и институтот Макс Планк, кои се независни или се само делумно поврзани со своите универзитети. Во секторот за истражување и развој работат 62.000 научници. Покрај библиотеките кои се поврзани со различните универзитети, Државната библиотека во Берлин е главната библиотека за истражување. Таа се наоѓа на две главни локации: една во близина на Потсдамскиот плоштад на улицата Потсдамер Штрасе и едена на улицата Унтер ден Линден. Во градот има 108 јавни библиотеки. Во Берлин има 878 основни училишта.
Култура

Берлин е познат по своите многубројни културни институции, од кои многу уживаат меѓународен углед. Градот има многу разновидна уметничката сцена и во него има околу 420 уметнички галерии. Младите Германци и меѓународните уметници продолжуваат да се населуваат во градот, па затоа Берлин важи за центар на младоста и центар на популарната култура во Европа. Првите знаци за ова се почувствуваа во 2003 година, со најавата дека годишниот Попком (Popkomm), најголемиот собир во Европа за музичка индустрија, по 15 години во Келн, ќе се пресели во Берлин. Кратко потоа, Јуниверзал Мјузик Груп и ЕмТиВи, исто така , одлучиле да ги преместат нивните европски седишта и главните студија на брегот на реката Шпре во Фридрихсхаин. Во 2005 година, УНЕСКО го одликува Берлин со титулата „Град на дизајнот.

Медиуми

Берлин е дом на многу телевизиски и радио станици; меѓународни, национални, како и регионални. Јавниот радиодифузен сервис РББ(RBB) има седиште во градот, како и комерцијалните радиодифузери MTV,Europe,VIVA,TVB, ФАБ (FAB), Н24 (N24) и Сат.1 (Sat.1). Германскиот меѓународен јавен радиодифузен сервис Дојче Веле (Deutsche Welle) има свој ТВ продукциски оддел во Берлин. Исто така, повеќето национални германски радиодифузери имаат студио во градот. Во Берлин се издаваат најголем број од германските дневните весници, има бројни локални весници и три главни таблоиди, како и националните дневни весници, секој со различна политичка наклонетост, како на пример Ди Велт (Die Welt), Јунге Велт (Junge Welt), Нојес Дојчланд (Neues Deutschland), и Ди Тагесцајтунг (Die Tageszeitung). Ексберлинер (Exberliner) е месечно списание на англиски јазик во Берлин кое е фокусирано на уметноста о ши забавата. Берлин исто така е и седиште на две големи германско јазични издавачки куќи: Валтер де Груитер (Walter de Gruyter) и Спрингер (Springer) кои издаваат книги, месечни списанија и мултимедијални производи. Берлин е важен центар во европската и германската филмска индустрија.

Во него се наоѓаат повеќе од илјада филмски и телевизиски продукциски компании, 270 кина, а во регионот се снимаат секоја година околу 300 национални и меѓународни копродукции. Познатото Бабелсберг студио (Babelsberg Studios) и продуцентската куќа УФА (UFA) се наоѓаат надвор од Берлин, односно во Потсдам. Во Берлин се наоѓаат Европската филмска академија и Германската филмска академија, и тој е домаќин на годишниот Берлинскиот филмски фестивал. Фестивалот за прв пат бил одржан во 1951 година, а почнувајќи од 1978 година се прославва секоја година во февруари. Со над 430.000 посетители тој е најголемиот јавен филмски фестивал во светот.

Културната и музичка сцена на Берлин

Берлинска филхармонија.
Во Берлин има повеќе од 50 театри. Германскиот театар во Митте бил изграден во 1849-50 година и оттогаш работи континуирано, Фолксбине  на плоштадот Роза Луксембург била изградена во 1913-14, иако здружението било основано уште во 1890 година. Берлинер ансамбл, познат по изведбите на делата на Бертолт Брехт, е основан во 1949 година, недалеку од Германскиот театар. Шаубине е основана во 1962 година во една зграда во Кројцберг .
Концертна сала

Берлин има три главни оперски куќи: Германска опера ,Берлинска државна опера и Берлинска комична опера.  Во Берлин има седум симфониски оркестри. Берлинскиот филхармониски оркестар е еден од најпознатите оркестри во светот. Тој се наоѓа во Берлинската филхармонија во близина на Потсдамскиот плоштад на улицата Херберт фон Карајан . Домот на светските култури (Haus der Kulturen der Welt) претставува различни изложби на интеркултурни теми, приредува концерти со музика од целиот свет, а исто така организира и академски конференции.

Кујна

Фридрих Велики (кралот на Прусија) имал улога во утврдувањето на некои од традиционалните јадења на Берлин, откако во 18 век наредил неговите поданици главно да јадат краставици и компир, бидејќи тие биле евтини и се вклопуваат во скромниот пруски начин на живеење. Така, краставиците и компирот станале омилени во берлинската кујна, заедно со обилното користење на свинско месо, месо од гуска, риба, грашок и грав. Типични берлински јадења се: зачинет колбас со кари , свинска потколеница и Берлинер (сепак, и во Берлин е позната како тиганица, а не како Берлинер). Еден познат оброк кој, всушност, го носи името на Берлин е црн дроб на Берлински начин, односно похован црн дроб со јаболка и кромид. Турските работници кои што се доселиле во Берлин, исто така, ги донеле своите кулинарски традиции во градот, на пример дунер кебапот стана главна брза храна за сите.

Рекреација

Берлинската зоолошка градина е најпосетуваната зоолошка во Европа. Таа е, т.е.  постарата од двете зоолошки градини во градот, е основана во 1844  година и располага со најразновидниот спектар на животински видови во светот. Тоа е дом на познатата бела мечка Кнут, родена во кафезите на зоолошката градина во декември 2006 година . Зоолошката градина Фридрихсфелде е основана во 1955  година во округот Лихтенберг и според површината таа е најголемата зоолошка градина во Европа.

Во Ботаничката градина  на Берлин е ботаничкиот музеј на градот. Со површина од 43 хектари и околу 22.000 различни видови растенија, таа е една од најголемите и најразновидните ботанички градини во светот.

Паркот Викторијапарк во Кројцберг нуди добар поглед на јужниот дел на центарот на градот Берлин. Во Трептовиот парк, покрај Шпрее во Трептов, има споменик во чест на советските војници,  е најстариот парк во градот. Тој е вештачки изграден и го покрива бункерот од Втората светска војна и остатоците од урнатините на градот. Во овој парк е главниот германски споменик за полските војници. Берлин е познат по своите многубројни барови на плажата долж реката Шпрее. Заедно со безброј кафулиња, ресторани и зелени површини во сите области, тие создаваат важен извор за одмор и поминување на слободното време.

Олимпискиот стадион бил домакин на Летните олимписки игри во 1936 година и финалето од Светското првенство по фудбал во 2006 година

Берлин има висок углед како град-домаќин на меѓународни спортски настани. Светско првенство во атлетика на ИААФ било одржано на ОЛимпискиот стадион  во Берлин. Годишниот Берлински маратон, годишната AФ Златна лига и напреварот во атлетика ИСТАФ (ISTAF), исто така се одржува во Берлин. Во градот, исто така, секоја година се одржува и турнирот ВТА (WTA). Тој бил основан во 1896 година и сега е една од најстарите тениски турнири за жени. Собирите на отворено небо, со неколку стотици илјади гледачи, станаа популарни во текот на меѓународните фудбалски натпревари, како Светското првенство или Европско првенство во фудбал. Фановите на сите национални фудбалски тимови доаѓаат заедно за да гледаат натпреварот на огромен видео бим. Овој настан е познат под името Фан Мајле се случува на секои две години кај Бранденбуршката порта.

Едно е сигурно, убаво е да се види овој голем град, толку моќен и силен а толку нежен, уметнички, креативен и рекреативен. До него можете да дојдете авионски и да слетате на еден од трите аеродроми коло градот, со воз , Берлин ја има најголемата железничка станица во Европа и беспрекорно функционира железничкиот сообраќај, со автобус ако сте некаде во близина или со автомобил по некој од голмите автостради на Германија.

Берлинската железница е најголема во Европа. Берлин има развиено високо комплекснa транспортна инфраструктура која обезбедува многу различни начини на урбана мобилност. Со 358 автомобили за 1000 жители во 2008 година (570/1000 во Германија), Берлин, како германската покраина и како голем европски град, е еден од градовите со најмал број на автомобили по глава на жител. Долгите железнички линии го поврзуваат Берлин со сите големи градови на Германија и со многу градови во соседните европски земји. . До меѓународните дестинации како што се Москва, Виена и Салцбург. Градот е поврзан и со авиони и со возви.

Берлин е познат по својот високо развиен шумски велосипедски систем. Се проценува дека во Берлин има 710 велосипеди на 1000 жители. Во 2008 година, во градот имало околу 500.000 велосипедисти дневно, одноосно 13% од вкупниот сообраќај. Сенатот на Берлин има за цел до 2010 година овој процент да се зголеми на 15% од градскиот сообраќај. Велосипедистите имаат пристап до 620 километри велосипедски патеки вклучувајќи приближно 150 километри задолжителни велосипедски патеки, 190 километри теренски велосипедски патеки, 60 километри велосипедски ленти на патот, 70 км патишта кои се отворени и за автобуси и за велосипедисти, 100 километри комбинирани пешачки и велосипедски патеки и 50 километри обележани велосипедски патеки на тротоарите.

Берлин има два сообраќајни аеродроми. Меѓународниотаеродром Тегел и Шененфелд. Во 2008 година, двата аеродроми заедно примиле повеќе од 21 милиони патници. Заедно, поврзуваат 166 дестинации (123 Европски) во 54 земји. Тегел се наоѓа во градот и претставува европски центар на Ер Берлин. Додека Шенефелд управува главно со ниски-цена на авијација и се наоѓа надвор од Берлин, одноосно кон југо-источната граница на градот со покраината Бранденбург.

Берлин е многу дружељубив град. Тоа го докажува податокот дека градот е збратимен со 17 градови низ светот.

Берлин одржува официјални партнерства со 17 градови. Градското збратимување помеѓу Берлин и другите градови започна со Лос Анџелес во 1967 година. Во времето на германското обединување, партнерствата на Источен Берлин биле укинати, а подоцна биле делумно обновени. Партнерствата на Западен Берлин претходно биле ограничени на ниво на окрузи. За време на Студената војна, партнерствата ги отсликувале различните моќни блокови, одноосно Западен Берлин имал партнерства со главните градови на Запад, а Источен Берлин претежно имал партнерства со градовите од Варшавскиот пакт и неговите сојузници. Берлин има заеднички проекти со многу други градови, како што се Копенхаген, Хелсинки, Јоханезбург,Шангај,Сеул,Софија ,Сиден и Виена. Берлин учествува во меѓународни асоцијации на градови како што се: Сојузот на главните градови на Европската унија, Јуроситис (Eurocities), Мрежата на европските културни центри, Метрополис, Конференција на главните градови во светот. Официјален збратимени градови со Берлин се: Лос Анџелес, Будимпешта ,Токио, Париз,Брисел,Буенос Аирес, Мадрид,Џакарта ,Прага, Истамбул, Ташкент, Варшава, Мексико  Лондон и Џакарта 

Ноќниот живот во Берлин е еден од најразновидните и енергични во Европа. Во текот на 1990-тите години, клубската сцена на Берлин станала главна дестинација на ноќниот живот во Европа. По падот на Берлинскиот ѕид во 1989  година, биле реновирани многу згради во Митте, поранешниот центар на Источен Берлин. Многу од овие згради не биле реновирани уште од Втората светска војна. Во нив нелегално се “вселиле” млади луѓе и овие згради станале плодна почва за сите видови подземни собири. Во Берлин исто така има многу ноќни клубови, вклучувајќи ги и уметничката куќа Тахлес, ВМФ (WMF), Уфо (Ufo), како и техно клубовите Киткатклуб и Бергхаин. Клубот Линиентрој, кој е во близина на Спомен црквата на цар Вилхелм, е добро познат по техно музика уште од 1990-тите години. Клубот СО36 (SO36) во Кројцберг  првично се фокусирал на панк музика, но денес стана популарно место за танц и секакви видови забава.

Карневал дер Културен, мултиетничка улична парада која секогаш се прославува на празникот Педесетница и геј-парадата, најголемата геј-лезбејска парада во Централна Европа која се прославува последниот викенд од јуни, се отворено поддржани од градската влада. Берлин, исто така, е добро познат и по техно карневалот — Парада на љубовта (Love Parade), клуб трансмедиале и културниот фестивалот Берлинер Фестшпиле, кој го вклучува и џез фестивалот во Берлин.

Берлин е тема во уметноста и во популарната култура а за тоа се доказ следните културни области:  „Берлин“ (англиски: Berlin) – американска поп-група ; „Берлин“ ( англиски: Berlin) – песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година. „ Небото над Берлин“ (германски : Der Himmel über Berlin) – германски филм од 1987 година, во режија на Вим Вендерс.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.