На 20 јуни (четврток) во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго“ – Астор Пјацола.
ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…
Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.
Кореограф: Сабрина Боско (Италија), режисер и либретист: Наташа Поплавска, сценограф и костимограф: Александар Ношпал
Настапуваат: Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова , Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска, Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски , Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска, Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска со истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.