Вчеравечер во изложбениот простор на Домот на културата “Кочо Рацин “ во Скопје, беше отворена завршната изложба на годинешната школа за цртање и сликање за деца и возрасни, која е седма по ред.
Работата во оваа учебна година Ателјето за цртање и сликање, ја заокружи со оваа изложба, на која со свои дела се претставени сите учесници, кои во текот на годината го посетуваа Ателјето и ги учеа ликовните вештини, во различни групи.
На оваа изложба има дела од 87 учесници, деца, млади и возрасни, посетители на Курсевите за цртање и сликање, Курсевите за апстрактно и интуитивно сликање, калиграфија ….. На свеченото отварање на сите учесници им беа врачени Сертификати за напорната работа што ја вложија во текот на изминатата година.
Секако изложбата и добиените Сертификати се поттик и за малите и за возрасните, кои своите вештини ги учат и усовршуваат под менторство на Лара Ташковска, која раководи со сите групи.
Изложбата за посетители ќе биде отворена до крајот на оваа недела.
Доколку сакате повеќе информации за оваа исклучителна Школа за цртање и сликање, отворете го линкот на нивната ФБ страна https://www.facebook.com/ateljezacrtanjeislikanje или јавете се на телефон 076 530 080.