Млада македонска убавица беше дел од изборот на Мис Елит, каде ја преставуваше нашата земја, и по тој повод престојуваше во Египет. Станува збор за скопјанката Ангела Василевска, која беше пратена по лиценца на националниот директор Роберт Граматиков.
Ангела носи преубави спомени од десетте дена поминати во егзотичниот Сома Беј. Таму се натпреваруваше во конкуренција од 35 девојки, претставнички на повеќе земји.
Младата девојка има 24 години, таа е дипломиран социјален работник и политичар и е сертифициран мејкап артист.
Досега учествувала на повеќе избори, од кои на Miss Beauty ја има освоено престижната титула за мис. Но, била дел и од Miss Tourism International, Miss TOP MODEL OTW, Miss EU, Miss Freedom, Miss Summer, Miss Balkan, Miss Elite, Miss Earth…
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.