Кога песната боли а зборовите не се доволни ?

    Кога песната боли а зборовите не се доволни?

    Кога ќе осамне мрачно утро полно со таговен глас!

    Кога ќе овенат млади цветови од безумен оган!

    Кога ќе вие безумен плач на земјата!

    Кога мајки и татковци без рожби ќе останат!

    Кога деца по мајка и татко ќе плачат!

    Кога најмилото стотици ќе го изгубат!

    Кога стравот во коски ќе се свие, и нема надеж за ново утре!

    Зошто,

    Ако утре нема еј,

    не може да не жалиме ,

    а вие во Небесата,  разлејте песна да се чуе до тука!

    Татјана Гогоска

    Во спомен на сите млади жртви, за сите оние кои несебично ги дадоа своите животи да спасат туѓи, за членовите на најхуманата македонска група, која со својата енергија беше светлина на младите.

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.