54. издание на Театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински“ во полн ек

На 7. јуни , беше отворено 54-тото издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, на кое ќе се одиграат осум претстави во официјалната конкуренција.

Фестивалот го отвори „Макбет“ на МНТ, но невообичаено досега тој започна со концерт на Влатко Стефаноски. Виртуозот Стефановски изјави дека голем дел од неговата музика е настаната или како театарска музика или била користена во  разни театарски облици и разни намени, дополнета со нова музика која ја направил з апретстава во МНТ.

Новитет на Игрите , оваа година е тоа што се воведува награда од публиката. После секоја претстава ќе има тркалезна маса на која може да присуствува кој сака со оценки и критики за претставата. На тркалезните маси ќе присуствуваат и актерите.Публиката е презадоволна што конечно освен жирито и таа ќе има право на глас.

„После секој разговор на тркалезна маса, ќе бидат во меѓувреме избројани гласовите, заедно со претставници од театарот од каде што доаѓа претставата и ќе може веднаш по завршување на тркалезната маса да се соопшти, по принцип на проценти, колку проценти има добиено таа претстава“, истакна Катарина Коцевска, уметнички директор на фестивалот.

Наградите за животно дело годинава ги добија Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.