петок 22 ноември, 2024
Почетна КУЛТУРА Литература 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид , денеска започна 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура како и 46. Меѓународна научна конференција.

Според УКИМ, тоа се две важни меѓународни манифестации кои имале голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. Меѓународниот семинар досега имал повеќе од 4.300 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.

„Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков  вид во Македонија и стана ценет славистички центар“, соопшти универзитетот.

Манифестациите ќе се траат до 24 август.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }