47.Мајски оперски вечери- 12. мај балетска вечер со „Лебедово езеро“

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери на 12 мај ќе биде изведен бисерот на балетската уметност  и еден од најубавите балети во класичната уметност Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски.

Во улогата на Одета и Одилија, белиот и црн лебед  ќе настапи Маја Махатели од Грузија, од Национален балет на Холандија, која е родена во Тбилиси каде го започнува нејзиниот балетски пат на Кореографскиот институт на Вахтан Чабукиани. Во улогата на принцот Зигфрид, ќе настапи Артур Шестериков од Русија кој заедно со Маја Махатели се  првенци на Холандскиот национален балет,  со голема балетска кариера. Во улогата на Ротбарт ќе настапи Давиде Буфоне (Италија).

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, сценографијата на Андреј Злобин додека костимографијата е на Гана Ипатиева. Националната првенка на Хрватска Ирена Пасариќ, како главен репетитор и педагог, за должена е за подготовките и пробите на балетскиот ансамбл.

Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.