47. издание на Мајски оперски вечери, традиционално од 9-31 мај

47-те Мајски оперски вечери, годинава ќе бидат отворени на 9. мај, а ќе бидат затвроени на 31 мај. Двете свечаности ќе бидат обележани со Операта Аида.

Во рамки на годинешните Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет ја соопшти годинешнава Програма, со назнака дека го задржува правото за евентуални промени.

Покрај Аида, на Програмата се оперите Лучија од Ламермур, Риголето, Боеми и Травијата, како и Балетската претстава Лебедово езеро на 12.мај.

Во офф Програмата ќе биде изведена проекција на отворено на платото пред Националната опера и балет,перформанс по повод одбележување на 150-годишнината од основањето на Виенската државна опера, АНА БОЛEНA – Гаетано Доницети
на 20. мај од 20 часот

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.