40 години од првиот албум на “Ред хот чили пеперс”

16.08.2024

Првиот албум на славната американска  група “Ред хот чили пеперс”, насловен “The red hot chili peppers”, е објавен на 10.08.1984 година!

Сегашни членови:
Ентони Кидис (1.11.1962)
Фли (16.10.1962)
Чад Смит (25.10.1961)
Џон Фрушанте (5.03.1970)

Поранешни членови:
Хилел Словак
Џек Ајронс
Клиф Мартинез
Џек Шерман
ДеВејн Мекнајт
Д.Х.Пелигро
Арик Маршал
Џес Тобијас
Дејв Наваро
Џош Клингхофер

***
Студиски албуми:

The Red Hot Chili Peppers (1984)
Freaky Styley (1985)
The Uplift Mofo Party Plan (1987)
Mother’s Milk (1989)
Blood Sugar Sex Magik (1991)
One Hot Minute (1995)
Californication (1999)
By the Way (2002)
Stadium Arcadium (2006)
I’m with You (2011)
The Getaway (2016)
Unlimited Love (2022)
Return of the Dream Canteen (2022)

“Ред хот чили пеперс” имаат освоено 6 Греми- награди. Групата има продадено над 60 милиони албуми ширум светот, имале осум песни во топ 40 на билборд 100 најслушани песни од кои три биле во топ 10, пет број еден синглови на рок листата, и држи рекорд од 11 број еден синглови на современата рок- листа.
Stadium Arcadium бил нивниот прв албум кој се искачил на првото место на Билборд 200 листата.

***
ПОЧЕТОЦИ!

Red Hot Chili Peppers- aмериканска група основана во Лос Анџелес во 1983 година. Нивниот деби албум бил објавен на 10 август 1984 година. Иако албумот не постигнал којзнае каква продажба, радиото и МТВ помогнале да се создаде и група на обожаватели. На крај албумот бил продаден во 300.000 копии.
“Пеперси” биле основани во Лос Анџелес од пејачот Ентони Кидис, гитаристот Хилел Словак, басистот Фли и тапанарот Џек Ајронс, соученици во средното училиште Ферфакс.
Поради обврски кон други бендови, Словак и Ајронс не свиреле на истоимениот деби албум на групата од 1984 година, а биле заменети од гитаристот Џек Шерман и тапанарот Клиф Мартинес. Нивниот прв настап бил на “Ритам Лонг” пред публика од околу 30 луѓе. Создадена е песна за оваа пригода, која вклучувала импровизирање на музика од бендот додека Кидис повторувал поема која тој ја напишал со наслов Out in L.A., бидејќи Словак и Ајронс биле посветени на друга група “What is this”, имале намера тоа да биде еден единствен настап. Меѓутоа настапот бил толку жив што бендот бил поканет да настапи повторно наредната недела.
Поради овој неочекуван успех бендот го променил името во “Ред хот чили пеперс”, и имале уште неколку големи шоуа во различни клубови во Л.А. Шест песни се снимани од овие почетни настани со што била создадена првата демо лента.
Словак им се приклучил повторно за нивниот втор албум, Freaky Styley (1985), а Ајронс за третиот, The Uplift Mofo Party Plan (1987).
Насловот на првиот албум е “The red hot chilli peppers”.
Клиф Мартинес бил избркан од групата во летото 1986, а Кидис рекол дека чувствувал дека Мартинез сакал да си замине. Џек Ајронс, кој бил без работа и ослободен од какви било обврски повторно се приклучил кон бендот заедно со Кидис, Фли и Словак. Бендот се обидел да го најми Рик Рубин за нивниот следен албум, но тој не го прифатил бизнис предлогот. Потоа го најмиле Мајкал Беинхорн кој бил последен избор за бендот. Песните се оформувале брзо и се оформил албумот, кој бил спој на панк и фанки како и претходниот албум, но имал поголем пристап до панк- рок.
За време на првата турнеја, имало постојана тензија помеѓу Кидис и Шерман кој ги комплицирал работите во самиот бенд. Шерман бил избркан набргу, со враќањето на Словак на кој му здосадило од бендот “What is This?”
Зависноста на Словак довела до негова смрт на 25 јуни 1988, набргу по завршувањето на турнејата. Кидис избегал од градот и не присуствувал на погребот на Словак. Ајронс исто така ја напуштил групата, велејќи дека не сака да работи во група каде неговите пријатели умираат. Тој потоа се приклучил на групата “Перл Џем”, меѓутоа тој ја напуштил групата со објаснение дека не е задоволен од турнеите.
На 29 септември 1987 објавен е “The uplift mofo party plan”, првиот албум кој им се нашол на топ листите. Иако бил на 148 место на билборд 200 најслушани албуми ова било огромен успех за бендот во споредба со претходните два албуми. За време на овој период, Кидис и Словак развиле сериознa зависност од дрога, често напуштајќи го бендот.
Тоа е за почетоците …

***

Сегашниот состав на групата е Ентони Кидис (вокал), Мајкл Фли Балзари (бас), Чад Смит (тапани) и Џон Фрушанте(гитара).
Нивниот музички стил содржи елементи на алтернативен рок, фанк, панк- рок, хард- рок, хип- хоп и психоделичен рок.
Со над 120 милиони продадени плочи низ светот, тие се еден од најпродаваните групи на сите времиња. На Листата за алтернативни песни од Билборд ги држат рекордите за најмногу синглови на прво место (14), најмногу кумулативни недели на првото место (85) и најмногу топ десет песни (25). Имаат освоено шест Греми награди, во 2012 година се примени во Куќата на славните на рокенролот, а во 2022 година добија ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

***

Во 1988 по смртта на Словак, кој починал од предозираност со дрога, Ајронс си заминал од групата и на кратко бил заменет од поранешниот тапанар на Дед Кенедис, Д.Х. Пелигро пред бендот да најде постојано решение со Смит, додека Словак бил заменет со гитаристот Џон Фрушанте.
Овој состав ги снимил четвртиот, петтиот, шестиот, седмиот, осмиoт и деветтиот албум. „Mother’s Milk“(1989), “Blood sugar sex magik” (1991), „Californication“ (1999), „By the way“ (2002) и „Stadium Arcadium“ (2006), кои биле петте најуспешни албуми на групата.
“Blood Sugar Sex Magik” е значителна трака за групата, од која продале над 15 милиони копии, и го доживеале првиот трговски успех.

Фрушанте не се чувствувал пријатно со овој успех и заминал на средината на турнејата на албумот во 1992, поради зависност од хероин. По регрутирањето на гитаристот Арик Маршал за да ја завршат турнејата, Кидис, Фли и Смит го ангажирале Дејв Наваро за нивниот следен албум “One hot minute” (1995). Иако успешен, не ги постигнал границите на претходниот албум и биле продадени половина од копиите што ги имал претходниот албум.
Кратко потоа, Наваро ја напуштил групата поради творечки разлики. Фрушанте, освежен, по завршувањето на рехабилитацијата, повторно се приклучил на групата во 1998 година, по барање на Фли.

***

Реобединетиот состав се вратил во студио да сними “Californication” (1999), кој се продал во 16 милиони копии низ светот и со тоа станал нивниот најуспешен трговски албум до ден денес. По три години издаден е „By the way“ (2002) кој го продолжил успехот на групата. Во 2006, групата го објавила двојниот албум „Stadium Arcadium“, кој бил и нивниот прв албум што се искачил на прво место во Америка.
По светска турнеја на која го претставиле албумот, групата заминала на заслужен одмор за време на кој Фрушанте го најавил неговото заминување, со цел да се посвети на неговата соло- кариера.
Џош Клингхофер, кој има работено и на соло- проектот на Фрушанте и како поддршка за групата го зазел неговото место како водечки гитарист.

***

Неколку месеци по нивниот прв настап “Ред хот чили пеперс” се известени од ЕМИ дека имаат потпишано договор. Две недели порано “What is this?” исто така потпишале договор но со MCA. Словак и Ајронс сè уште го сметале “Ред хот чили пеперс” како нивни спореден проект и се откажале за да можат да се посветат на “What is this?”.
Наместо да го растурат бендот Кидис и Фли одлучиле да регрутираат нови членови.
Мартинес, пријател на Фли, бил повикан да се приклучи на бендот, а аудицијата за нов гитарист го дала Џек Шерман. Гитаристот на “Gang оf four”, Енди Гил, го повикале да го продуцира нивниот прв албум. И покрај негодувањата од Кидис и Фли тој ги натерал да свират почист и попријатен за ушите звук.

***

“Ред хот чили пеперс” во 1988 за време на The Uplift Mofo Party Plan турнејата Џорџ Клинтон бил избран за продуцент на следниот албум на бендот Freaky Styley. Албумот е сниман во познатото детроитско студио “Арби & Фанки јунајтед саунд систем” кое се наоѓа во кругот на кампусот на Вејн Стејт универзитетот. Клинтон комбинирал многу стилови и елементи од панк и фанк во репертоарот на бендот, со што му дал на бендот да инкорпорира различни стилови во музиката на бендот. “Freaky styley” објавен на 16 август 1985 година, не постигнал некој значителен успех и не се издвоил на ниту една листа. А и турнејата за албумот се сметала за непродуктивна.
Во песната “Yertle the Turtle” од овој албум слушнат е глас како како вели: “Look at that turtle go bro”. Ова било спомнато во автобиографијата на Кидис кој вели дека овој глас е на дилерот на кокаин на Клинтон, којшто не можел да го плати и затоа го ставил во песна.

(Книгата на Кидис, Scar tissue, е биографска и како на реално шоу открива сѐ што има се случувало, носи наслов “Живи рани”).

***
Бендот се појавил во филмот “Thrashin” во 1986 каде ја исполниле песната Blackeyed Blonde од албумот Freaky Styley. Во овој период бендот се појавил и во филмот “Tough guys” во кој настапувале Берт Ланкастер и Кирк Даглас, каде ја извеле песната Set It Straight.
Во обид да се справат со смртта на Словак и со заминувањето на Ајронс, Кодис и Фли привремено го ангажирале тапанарот на Дед Кенедис Д.Х. Пелигро и гитаристот Двејн Блекбрд Мекнајт. Ниеден не покажал некој особен интерес па така тие биле заменети набрзо. Меѓутоа присуството на Пилегро имало една витална, долгорочна последица за бендот, неговата поврзаност со Џон Фрушанте, познаник на Пелигро, кој се пријавил за празното место за гитарист во бендот. Фрушанте бил фасциниран од бендот, и затоа се пријавил, а набргу бил и примен во бендот.
Три недели пред почетокот на снимањето, бендот сè уште бил без тапанар и покрај неколкуте заинтересирани.
Филип Фиш Фишер од сродниот бенд од Лос Анџелес Фишбоун накратко се приклучил на бендот и е вклучен во песната “Taste the Pain”. На крај пријател на групата им го посочил тапанарот Чад Смит, кој се покажал како доста успешен. Кидис бил скептичен, но на крај се согласил да го примаат во групата во која е и ден денес.
На аудицијата Смит не само што го достигнал ритамот на Фли туку бил толку добар што почнал да ја води групата. По оваа успешна аудиција Кидис, Фрушанте и Фли го примиле Смит во бендот.
На Смит му било наредено да си ја избричи главата за да се вклопи во стилот на бендот, но сепак му било дозволено да се приклучи на бендот кога не го направил тоа.
Снимањето на четвртиот албум на бендот било проследено со конфликт со продуцентот Мајкл Беинхорн чија примарна агенда да ѝ даде на гитарата на Фрушанте гласен, моќен звук слично на абразивните тонови кои ги има во хеви металот. Оваа модификација му создала главоболки на Фрушанте бидејќи не се вклопувала во неговиот стил на свирење.
Четвртиот албум на “Чили пеперс”, Mother s milk, бил објавен во август 1989 и ги дал првите модерни поп рок хитови за бендот. Имало песна посветена на Словак, “Knock me down”, “Taste the pain”, која била насловна на филмот “Не вели ништо”.
Песната “Меџик Џонсон” посветена на играчот на Лејкерс и сограѓанинот, сè уште се пее на натпреварите на Лејкерси. Албумот стигнал до 52 место на американската топ список на албуми и станала првата златна плоча на бендот.

***

Во 1990, бендот почнал да соработува со “Ворнер Брадерс рекордс”, со Рик Рубин кој бил најмен да го продуцира нивниот тогаш неименуван петти албум. Рубин ги продуцирал сите последователни албуми на бендот. Процесот на пишување бил далеку попродуктивен отколку кога се создавал Mother’s milk, а Кидис велел дека секој ден има нова музика која тој ја создава.
Бендот се впуштил во шестмесечен процес на снимање на новиот албум, долгиот период на проби, пишување песни и вклучувањето на идеи. Меѓутоа Рубин бил незадоволен со судиото за снимање, со став дека бендот подобро ќе функционира во средина кој не е толку христијанска. Тој наишол на неверојатна, огромна, историска куќа на мала оддалеченост од местото каде сите живееле.
Рубин бил сегашниот сопственик на куќата и за следните неколку месеци членовите на бендот речиси ниеднаш не ја напуштиле куќата за време на снимањето на албумот. Смит одлучил да не живее во куќата мислејќи дека во неа има духови. Бендот не можел да се одлучи за името на албумот, но за Rубин името на една песна особено се истакнувало “Blood sugar sex magik”.
Иако песната ја немало на албумот Рубин верувал дека тоа е најдоброто име за албумот кој го имале во тоа време На 24 септември 1991 објавен е албумот “Blood sugar sex magic”. “Give it away” била првата песна од овој албум, која освоила Греми награда во 1992 за најдобар хардрок изведба со вокал, истанала првата песна која се искачила на прво место на листата на модерен рок.
Баладата “Under the bridge” била објавена како втор сингл и стигнала до второ место на билборд сто најслушани песни, највисоко досега за било која песна на бендот, а со тоа станала и една од најпознатите песни на бендот. Самиот албум бил интернационална сензација, со продадени над 15 милиони копии. Овој албум исто така многу влијаел и за проширување на обожавателите на овој бенд. Тој исто така бил и ставен на 310 место на списокот на магазинот Ролин Стонс на 500 најдобри албуми на сите времиња и во 1992 тој достигнал до трето место во САД на само една година од објавувањето.
Успехот на бендот и зависностите од дрога го земале својот дел на Фрушанте, кој го напуштил бендот за време на јапонската турнеја во мај 1992. Гитаристот Арик Маршал бил најмен како замена за Фрушанте. Маршал се појавил и во видео записот за песните “Breaking the girl, “If you have to ask” и на завршувањето на четвртата сезона на Симпсонови “Kristy gets kancelled”.
Во септември 1992 година бендот настапи на МТВ музичките награди. Бил номиниран за седум награди вклучувајќи и видео на годината, а од сите номинации добиле три награди вклучувајќи ја и наградата “Избор на гледачите”.
На 24 февруари 1993 бендот заедно со Џорџ Клинтон и The p funk all stars ја извеле “Give It Away”, на сцената на Греми наградите, песна кој подоцна таа вечер му донела на бендот Греми награда.
Овој настап ќе го означи крајот на “Blood Sugar Sex Magik” турнејата и ќе биде последен настап на Маршал. На негово место бил ангажиран Џеси Тобијас од бенд од Лос Анџелес. Меѓутоа неговата ангажираност во бендот не траела долго, а остатокот од членовите кажале дека едноставно хемијата не е вистинска. Тие на крај го најмиле Дејв Наваро, кој бил подготвен да се приклучи кон бендот откако веќе еднаш ги одбил откако Фрушанте ги одбил.

***

Наваро најпрво се појавил со бендот на Вудсток во 1994 година, каде тие носеле огромни костими, кои биле метални, и тие речиси не можеле да свират на нивните инструментите. Бендот по настапот на Вудсток, имале кратка турнеја кој вклучила и настап како предгрупа на “Ролинг Стонс”. Според Кидис овој настап бил ужасно искуство. Иако изгледало како бендот да функционира добро, односите помеѓу тројцата основачи и Наваро почнале да се влошуваат. Неговото различно музичко искуство се покажало како несоодветно откако почнале да свират заедно, и продолжило да биде проблем во наредните години. Неговиот прв и единствен албум со “Ред хот чили пеперс”, “One hot minute”, е снимен и објавен на 12 септември 1995 по многу поместувања на датумот.
Бендот го опишува албумот како по-мрачен и со потажни песни од претходните албуми. И покрај различноста албумот бил комерцијален успех, со 8 милиони копии продадени ширум светот.
Овој албум го дал и третиот сингл кој се искачил на прво место, баладата “My friends”. Додека Кидис се навратил на неговата зависност од хероин. Во април 1998 година било објавено дека Наваро го напушта бендот поради креативни разлики; Кидис изјавил дека одлуката е заедничка. Но извештаите од тоа време индицират дека заминувањето на Наваро се случило откако тој присуствувал на проба на бендот каде тие биле под дејство на дрога. Кидис тогаш кажал дека и покрај тоа што настанот можел да биде комичен, бил жален и резултирал со заминување на Наваро.

***

Во следните години од неговото заминување од бендот, станало јасно дека Фрушанте има зависност од дрога, која го довела до сиромаштија и речиси смрт. Тој се пријавил во установа за рехабилитација во јануари 1998. Го завршил процесот во февруари истата година и изнајмил мал стан во Силвер Лејк.
Тој се здобил со многу повреди и проблеми во годините на негова зависност, некои дури и за операција, која резултирала со лузни на неговите раце, реконструкција на неговиот нос и нови заб за да се спречи фатална инфекција.
Во април 1998 година, Фли го посетил неговиот пријател и поранешен колега од бендот кој го поканил Фрушанте повторно да се врати во бендот, понуда која Фрушанте со голема радост ја прифатил.
До самиот викенд, по 6 години реобединетата група се собрала да свири, и го создале новиот реобединет “Ред хот чили пеперс”. За самата ситуација Ентони Кидис рекол: “За мене ова беше клучен момент во последните шест години од нашите животи. Знам дека ова е вистинска одлука и дека магијата ќе се случи одново. Одеднаш можевме сите да слушнеме, и наместо да се најдеме во незгодна ситуација, сите можеме да станеме играчи во овој одличен универзален оркестар”.
И покрај воодушевеноста од враќањето на Фрушанте, тој бил ментално и физички раскинат. Тој немал свирено од неговото заминување и тоа дека ги изгубил сите гитари кои ги поседувал во пожар во куќата од каде едвај се спасил, тој се соочил со потешкотија да го продолжи животот, таков каков што бил пред зависноста од дрога. Мегутоа неговиот талент повторно испливал на површина и нови песни почнале да се појавуваат.
На 8 јуни 1999, по речиси една година продуцирање и проби, објавен е “Californication” како 7-ми студиски албум на бендот. Бендот успеал да продаде повеќе од 15 милиони копии ширум светот и станал најуспешниот албум на бендот досега.
Овој албум содржи помалку песни со рап примеси отколку претходните, а имал повеќе интегрирана текстура, мелодични звуци од гитарата и вокали. “Californication” дал и уште три број еден рок хитови: “Scar tissue” “Other side” and “Californication”.
Scar tissue ја освоил Греми наградата за најдобра рок песна во 2000 година. Таа е изведена и на церемонијата и вклучува дел со раперот Снуп дог како кулминација.

Други хитови како “Around the world”, “Road tripping” и “Parallel Universe” кои ја пробиле топ 40 листата иако комерцијално не биле објавени како синглови.
Во јули 1999 година, како дел од двегодишната интернационална турнеја во поддршка на новиот албум, тие настапиле на концертот Вудсток во 1999 години. На некои 10 минути пред шоуто тие биле замолени од сестрата на Џими Хендрикс да отсвират песна од репертоарот на нејзиниот брат. По некое двоумење бендот се одлучил да ја отсвири легендарната “Fire”, која ја имало на “Mother’s milk”. По некоја случајност на две третини од песната мал оган избувнал на бината кој резултирал со интервенција на пожарникарите.
Во септември 2000 година, бендот бил номиниран за пет МТВ награди, вклучувајќи видео на годината, кое не го добиле, меѓутоа тие добиле две награди за “Californication” и ја исполниле песната исто така.
“Ред хот чили пеперс” исто така биле почестени и со МТВ Мјузик видео авардс која се доделува на музичари кои имале длабок ефект на МТВ културата. Во 2001 година, “Ред хот чили пеперс” го издале нивниот прв двд концерт. Двд-то било режирано од долгогодишен пријател Дик Руд, кој исто така ја продуцирал и музиката за видеата “Catholic school girls rule” и “Universally speaking”. Снимката е земена од два различни концерти, но е вклопено во една совршена целина.

***

Бендот почнал да го пишува нивниот нареден албум во почетокот на 2001 и го издал “By the way” во наредната година, на 9 јули 2002. Процесот на снимање бил тежок за Фли кој се чувствувал како странец и дека неговата улога во бендот била излишна поради расправијата со Џон за музиката во албумот. Фли дури размислувал и да избега од бендот од како албумот бил завршен, но по некое време тие го надминале нивниот проблем. Албумот создал пет хит синглови “By the way”, “The Zephyr song”, “Can’t stop”, “Dosed” и ” Universal speaking”, и бил најтивкиот албум кој “Ред хот чили пеперс” некогаш го издале, главно фокусирајќи се на мелодични балади во спротивност на претходните класични песни и фанк со рап примеси.
Фрушанте се концентрирал на повеќеслојни песни, најчесто додавал тонови од клавир и исто така пишувал и аранжмани за песни. Албумот бил проследен со турнеја која траела 18 месеци. Тие снимале две нови песни “Fortune faded” и “Save the population” за нивниот албум Грејтест Хитс кој бил снимен на шоу во Ирска на 23 август 2003. Тие исто така го снимале и нивниот прв албум во живо, во живо од Хајд Парк, за време на нивниот настап во Лондон. Повеќе од 258.000 обожаватели платиле повеќе од 17 милиони долари за да присуствуваат на една од трите вечери кога бендот настапувал, што било рекорд за 2004 година; тие исто така стигнале и на прво место на најдобри концерти. Тој вклучувал и две досега неисполнети песни “Rolling Sly Stone” и “Leverage of Space”, кои се верува дека биле песни од Грејтест Хитс.

Во 2006 бендот го објавил албумот “Stadium Arcadium” кој бил добитник и на Греми, продуциран од Рик Рубин. Иако биле создадени 38 песни со цел да се објават како три одделни албуми, во период од 6 месеци, бендот наместо тоа избрал и објавил 28 песни во двоен албум. А останатите 10 песни биле објавени подоцна на Б страната, меѓутоа само 9 од 10 биле објавени на б страната.
Тоа бил нивниот прв албум кој стигнал до прво место на листата во САД, каде останал две недели, и дебитирал на прво место во Велика Британија и 25 други земји.

***

“Stadium Arcadium” е наречен најдобро продаван албум на годината, со продадени 7 милиони примероци, и забележал и најдобра продажба за една недела од сите албуми за таа година. Првата песна од албумот “Dani California”, и била најбрзо продавана песна, дебитирала на врвот на модерен рок листата, и била на 6 место на билборд 100 и стигнала на второ место во Велика Британија.
Следната песна исто така се искачила високо на листите во 2006 година. Песната “Snow” која била објавена во доцна 2006 година, поминала многу рекорди до 2007. Песната станала нивни 11 број еден хит, и имале вкупно 81 недела на првите места на листите. Исто така тоа било првпат да имаат три синглови последователно на прво место.
“Desecration smile” била објавено интернационално во февруари 2007 и стигнала на 27 место во Велика Британија.
“Hump de boomp” била следна песна за Америка и Канада но поради позитивниот фидбек за видеото, песната била интернационално објавена во мај 2007. Бендот почнал нова светска турнеја во поддршка на последниот албум во 2006, почнувајќи со промотивни концерти во Европа и имале турнеја која траела речиси два месеци од мај до средината на јули.
На оваа турнеја Џош Клингхофер бил како петти член на бендот, надополнувајќи “делници” за гитара, придружни вокали, овозможувајќо им на песните да изгледаат исто како на снимените материјали. Бендот потоа се префрлил на турнеја во Северна Америка од почетокот на август до почетокот на ноември. Бендот ја почнал 2007 година со втора турнеја во Северна Америка, но овојпат го вклучиле и Мексико како додаток на САД, од средината на јануари до средината на март. Ние ги видовме овде на Инџија на 26 јуни 2007 година.

По ова следеле настапи во многу градови во Австралија и Нов Зеланд во април, а потоа и концерти во Јапонија во почетокот на јуни. “Ред хот чили пеперс” ја завршиле нивната турнеја со трета турнеја во Европа која траела од јуни до август. Тие се појавиле и на “Лајв еарт” концертот во Лондон во Вембли Стадионот на 7 јули 2007.
За време на текот на нивната турнеја, бендот се појавил на неколку фестивали како Оксиген во јули 2006, Лалапалоза во август 2006 во Грант Парк, Chicago, настапи во Калифорнија 2007 и многу други настапи. Во февруари 2007 “Stadium Arcadium” освоил 5 Греми награди, меѓу кои и најдобра рок песна “Dani California”. Церемонијата вклучила и настап на “Snow”, нивниот најпопуларен сингл во тоа време.

***

Следејќи ги последните настани од промоцијата на албумот, членовите на бендот земале подолг одмор. Кидис кажал дека бил изморен од долгогодишната непрекината работа од “Californication” па наваму. Тој кажал дека моментално е преокупиран со одгледување на неговиот штотуку роден син Еверли Беар, и накратко учествувал во емисијата Spider & Son, која се смета за негова автобиографија, додека Фли се запишал на курс за музика на еден факултет, Фрушанте ја продолжил неговата соло кариера и го објавил соло албумот “The empyean”, а Чад Смит работел со Семи Хагар, Џо Сатарини и Мајкл Ентони во супергрупата “Chicken food”, како и на неговиот соло проект Чад Смит Bombastic meatballs. Бендот планирал да остане во хибернација минимум уште една година. Единствената снимка за тоа време била во 2008 година со Џорџ Клинтон со кој работеле претходно. Во мај 2009 Кидис, Фли, и Смит настапиле под името “The Insects” заедно со Рон Вуд, Џош Клинхофер и Иван Невил на петгодишнината на Мјузикерс, па му дале почит и на Кидис. Тој ја добил наградата “Стив Реј Вон” за неговата посветеност кон музиката и неговата посветеност на помагање на зависниците од дрога и нивното рехабилитирање.
Џон Фрушанте не бил во можност да присуствува на доделувањето на наградата поради обврски во Европа.

Во декември 2009, Фрушанте открива дека го напушта бендот “Ред хот чили пеперс” пред почетокот на годината. Фрушанте објаснил на неговите обожаватели преку профилот на Мајспејс дека немало драма или никакви расправии за неговото напуштање на бендот и дека другите членови дури покажале разбирање и го поддржале. Фрушанте кажал дека чувствувал дека неговиот музички интерес го одвел во друга насока и дека треба целосно да се посвети на неговата соло кариера.
Бендот ја завршил двегодишната пауза во октомври 2009 година и почнале да пишуваат за нивниот за нивниот 10-ти албум. Бендот се соединил во студиото од гитаристот Џош Клингхофер, кој настапувал како втора гитара за време на нивната последна турнеја. Бендот, заедно со Клингхофер на гитара, го направиле нивното враќање на 29 јануари 2010. На 8 февруари 2010 година клигхофер бил именуван како постојан член на бендот од страна на Чад Смит, како постојана замена за Фрушанте.
На 6 мај 2010, Чад Смит кажал дека бендот има напишано околу 20 песни и дека снимањето на наредниот албум ќе започне во јули 2010. Рик Рубин повторно бил најмен како продуцент (со претходниот нивни албум освоил Греми за најдобар продуцент). Смит коментирал на новиот звук, објаснувајќи дека Клингхофер исто така ќе пее и ќе свири на пијано за бендот. Тој спомнал дека како резултат на неговото студирање на музичка теорија, Фли ќе вклучи многу пијано мелодии.
Во 2019 одржаа концерт кај Пирамидите во Гиза.
На 8 декември 2019 година “Ред хот чили пеперс” објавија на Инстаграм дека по 10 години пауза се враќа нивниот поранешен гитарист Џон Фрушанте …

Но, нели, цело е кога има сѐ.

На 14.10.2022 го издадоа нивниот 13 студиски албум “Return of the Dream Canteen”…

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.