Културно-информативниот центар –Скопје, (КИЦ) после застојот на активностите предизвикан од т.н. “врема на корона“, деновиве почна со подготовки во рамки на сите дејности за реализација на планираните настани.
Изминатово време покажа дека луѓето покрај слободата на движење им недостасува културата , затоа што таа секогаш е израз на постоењето во уметничка и духовната смисла на животот и основа за живиот социјален и културен живот како важен дел од постоењето.
На 4. јуни -четврток, Културно-Информативен Центар – Скопје, организира промоција на книгите “Волшебната авантура” и “Одмаздата на богомолката”, од Оља Петрушевска -Томева, во 12:00часот во паркот пред КИЦ-Скопје(на отворено), со дистанца меѓу посетителите и заштитни маски на посетителите, учесниците и организаторите.
Книгите ќе ги промовира, Татјана Гогоска, водител Елена Максимовска, драмска игра на Марко и Филип Томеви.
А настанот ке оди на LIVE STREAM на ФБ страница на КИЦ – Скопје.
Литературниот сектор на КИЦ , под раководство на Емилија Михајлова, токму затоа засилено ги прави подготовките за да се “продолжи“, таму каде што застанавме и да ги направиме промоциите на книгите и другите настани од областа на литературата. Секојдневно издавачите и авторите па и нашата верна публика се интересира кога ќе почнеме„- вели Михајлова. Првите промоции ќе започнат од 1. јуни и според досега најавените мерки за движење ќе се одржуваат во 12 часот во паркот пред КИЦ (на отворено) со дистанца меѓу посетителите и заштитни маски на посетителите, учесниците и организаторите. Доколку има промени во мерките, ние ќе се придржуваме до нив, а ако има продолжување на времето на ограничено движење, настаните ќе се одржуваат и од 18-19 часот, додава Михајлова во соопштението што го испрати до медиумите и јавноста за активностите на Културно-информативниот центар во рамки на литературната дејност.
Целта на КИЦ е во областа на културата двомесечниот застој да го надомести во текот на летото , во интерес на литературата и културата воопшто.