35. издание на Фестивалот за забавна музика „Макфест”, годинава ќе се се одржи на 18 и 19 септември под отворено небо.
Првата вечер е ревијална и ќе се пеат макфестовските хитови, т.е. најпеаните песни во изминативе 34 изданија на овој престижен фестивал . Втората е фестивалска, на која ќе се слушнат 24 нови композиции. Што ќе понуди новата музичка програма останува да видиме.
Новинарите ќе имаат посебно место, од каде што ќе го следат фестивалот и ќе ги земаат изјавите. Организаторите најавуваат дека доколку заврне дожд нема да има прекин на фестивалот, бидејќи сцената ќе биде покриена
Овие две вечери и локалите во Штип ќе работат со продолжено работно време па можеби присутните и гостите конечно ќе ја почуствуваат заборавената прекрасна фестивалска Макфестовска атмосфера.
В.Г.Парго