30. издание на Интернационалната ликовна колонија Галичник

Од 15 август  до 22 август ќе се одржи  30-та интернационална Ликовна колонија Галичник. На неа ќе земат учество 11-мина уметници од повеќе земји и тоа: Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен – Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ – Србија, Софија Грегоријаду – Грција, Улф Лундин – Шведска, Даниел Дресел – Германија, Лин Куасаи – Англија, Хелидон Ѓерѓи – Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Македонија. Сите учесници се современи визуелни уметници кои се занимаваат со транс и мултимедијална уметност.

Ликовната колонија Галичник, која ја основа Нове Франговски (1939-2017), отсекогаш била посебна визуелна манифестација во нашата држава чија причина за постоење е да се воведе еден специфичен квалитативен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори.Секогаш главен предизвик бил изборот на квалитетни светски автори кои ќе донесат квалитетна уметност.

ulf-lundin-5-9
Улф Лундин – Шведска

Во знак на јубилејот, Ликовната колонија Галичник, подготвува неколку активности. За времетраењето на колонијата ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност . Работилниците ќе бидат на 16 и 17 август,од  19.00 часот, во општинската галерија среде Галичник, а во недела, 18 август, во 11.00 часот ќе биде организирана работилница за најмладата публика.

На овој начин учесници.и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население, доближувајќи се до нив, на некој начин отклонувајќи ги границите на „неразбирливоста и апстрактноста“ на современата уметност и новите медиуми во уметноста.

Атанас Атанасоски
Атанас Атанасоски – Македонија

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.