Денеска (26 април) од 14.30 часот ,Туристичко-угостителската комора, ќе одржи прес-конференција на повод протестот кој се организира пред Владата на Македонија со цел свртување на вниманието кон неисполнатите барањата за финансиска поддршка на овој сектор.
Секторот се наоѓа во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат соодветни економски мерки за да може да се надмине кризата, ќе се соочи со целосно уништување, загуба на работни места и деловни субјекти.
На прес-конференцијата ќе се информира и за понатамошните активности.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.