Пишува М-р Татјана Гогоска
Светскиот ден на детето е ден за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември, на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.
„Децата преземаат“ е клучна компонента од одбележувањето на Светкиот ден на детето и манифестација на нашата посветеност на детските права и учество, преку обезбедување платформи каде што децата можат да ги изразат своите идеи, ставови и барања кон носителите на одлуки со цел креирање иднина во која правата на секое дете се заштитени и исполнети.
Ова се постулатите за овој ден 20 ноември, на децата од УНИЦЕФ кога „Децата преземаат“ настани организирани од УНИЦЕФ, во соработка со владини институции и партнери.
Се одбележува во целиот свет и секоја година има свое мото. Мотото на годинешново одбележување е “Слушнете ја иднината“. Под овој слоган , Светскиот ден на детето ќе се фокусира на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии (иновации што значително го менуваат начинот на кој работиме, како што е вештачката интелигенција) и демографските промени.
Мислам дека е крајно време во секоја владина, невладина, граѓанска, приватна организација, установа или институција, на влезот да биде задолжително да стои табла со “Правата на децата“ , за возрасните никогаш да не заборават дека и тие биле деца и да бидат поодговорни возрасни, кои им обезбедуваат соодветно детство на децата, какво што заслужуваат.
Дел од нив и на следниот линк: https://www.coe.int/mk/web/compass/convention-on-the-rights-of-the-child
А мојата порака останува: Секој ден, секој дел од планетава и целот Универзум е на децата. Затоа да го славиме детството постојано!