16 години откако го нема а чиниш е секогаш тука -Тодор Тоше Проески

Тоше Проески, најсјајната македонска музичка ѕвезда, која за жал веќе 16 години свети од небото а остави илјадници луѓе  да тагуваат за него и да им недостасува.

И чудно е чуството. 16 години го нема меѓу нас а чиниш секогаш и сеуште е тука.

Останаа многу кажани зборови за него, останаа многу неискажани чувства, мисли и зборови, но сеуште неговиот сјај во очите, хуманите дела и прекрасната насмевка лебдат меѓу луѓето.

Сепак тагата искажана во последните негови денови од овоземскиот живот, која се наѕира во стиховите од неговите последни песни, остави многу неоткриени тајни.

Слава ти, ЅВЕЗДО НАША НАЈСЈАЈНА!

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.