„Земја на номади“ очекувано беше прогласен за најдобар филм на 93. Оскари. Изненадувњето дојде од доделувањето на Оскар за најдобар актер ,кој неочекувано го доби сер Ентони Хопкинс ,кој не беше присутен ни во Лос Анџелес ни во студиото во Лондон за да ја прими статуетката за филмот „Татко“Ова е втор Оскар за Хопкинс (83), првиот го освои во 1992 година за улогата на познатиот Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Хопкинс воедно стана и најстариот добитник на Оскар. Пред него најстар лауреат беше Кистофер Пламер кој со 82 години доби Оскар во 2012 година во категоријата најдобра споредна машка улога во филмот „Почетници“.
Филмот „Земја на номади“ на режисерката Клои Жао е победник на годинешното 93. доделување на Оскарот, режисерката ја освои наградата за најдобра режија и стана втора жена која ја доби наградата од американската Академија на филмски уметности и науки во оваа категорија.
За улогата во филмот „Земја на номади“ Оскар за најдобра актерка во главна улога доби Френсис МекДорманд.
Актерот Даниел Калуја и актерката Ју-Џунг Јун добија Оскари за најдобри машка и женска споредна улога. Калуја освои Оскар за улогата во филмот „Јуда и црниот Месија“, а актерката Ју-Џунг за улогата во филмот „Минари“.Глен Клоуз (74) не успеа да го освои својот прв Оскар. Таа беше номинирана во категоријата најдобра женска споредна улога и тоа и’ беше осма номинација во кариерата.Филмот „Пијан“ на данскиот режисер Томас Винтерберг освои Оскар за најдобар странски филм. Во оваа категорија беше номиниран и филмот „Каде одиш, Аида“ на сараевската режисерка Јасмила Жбаниќ.
Филмот „Манк“ на Дејвид Финчер, кој беше фаворит со најмногу номинации – вкупно 10, освои само два Оскари во категориите најдобра фотографија и најдобар декор.
Во необично, изменете и толку гламурозно издание сепак 93 -тата вечер на Оскарите не и недостасуваше гламур иако можеби најубаво се виде дека пандемијата има и тоа како одраз на квалитетот на понудените филмски остврувања.