СКОПЈЕ – Европска престолнина на културата 2028

Богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ со која Скопје се претстави пред ЕУ го освои срцето на Европа. Одлуката беше соопштена  во Куќата на европската историја во Брисел, по претставувањето на програмите на двата финалисти Скопје и Будва, Црна Гора.

Тимот неколку години работеше посветено  на културна промоција, претставувајќи ја програмата во различни области, иновативните идеи и концепти со кои Скопје ќе се најде на мапата како Европска престолнина на културата за 2028. Овој избор е престижно признание за сите нас, Скопје е дел од Европа, а Европа во годините кои следат до 2028 година ќе се обедини со Скопје низ призмата на културата и уметноста Визија која победи при изборот  ги вклучува младите и креативните индустрии, поврзани со еко-практики како иновација во сите процеси и културни настани кои ќе се одвиваат 365 дена во Скопје.

Програмата ќе почне да се имплементира уште во јануари 2024 година и во текот на следните години обединети националните и европските уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои ќе кулминираат во 2028.

Целта на оваа иницијатива на Европската унија е да им овозможи на жителите на Европа да учествуваат активно заедно да разменат искуства за културата, да се создадат нови партнерства и да се нагласи улогата која ја има културата во развојот на градовите.

Кандидатурата за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 за Скопје претставуваше сложен процес кој се одвиваше повеќе години и во кој се вклучија градските и државните културни институции, многу активни чинители од областа на културата и експерти.

Да се биде Европска престолнина на културата е предизвик за секој град затоа што културата се повеќе зазема важно место во развојот на градовите, а претставува и двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој, соопштија од Град Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.