Грчкото списание „Енкен“ во најновиот број го објави расказот “Наредното евангелие“ од Томислав Османли

Новиот расказ на македонскиот писател Томислав Османли, „Наредното евангелие“ е објавен во најновиот број на Ревијата за култура и уметност, списанието „Енкен“ од Солун. Грчкиот  „Енекен“ по трет пат објавува книжевен текст на Османли и тоа најнапред беше објавен грчкиот препев на песната „Љубов“ со која македонскиот автор победи на првиот конкурс “Angeli LaVecchia-Ante Popovski” во 2019 година во Италија а потоа ова списание простор даде и за авторскиот портрет низ претставувањето на прозната збирка „Светилка за Ханука“ на 13-от Меѓународен саем на книгата во Солун.  

Во своето ново прозно дело Томислав книжевно ја прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште трагично се соочува човештвото а е напишан како што се истакнува со “ библиски израз каде есхатолошката визија зборува за човечкото општество што е соочено со глобалното отуѓување“.

Овој парадигматичен расказ напишан минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми,  хрватскиот портал Kultura.hr, српскиот Sinhro.rs, босанско-херцеговскиот Astronaut.ba На македонски јазик „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“ и прилогот за култура и уметност на македонскиот дневен весник “Нова Македонија “.  

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.